Култура

Водици

Иако Водици е на 6ти јануари, ние во Франција го прославуваме традиционално на првата недела во јануари, поради тоа што недела е ден кога најголемиот дел од луѓето се дома со своите фамилии. За прославување на овој настан, ние јадеме “galette des rois”, кое во зависност од регионот може да биде полно со јаболко, чоколадо и други состојки. Сепак, најчесто овој колач е направен од лиснато тесто исполнето со “frangipane”, мешавина од бадемов прав, путер, брашно и јајца. Прославата е со фамилијата или пријателите. Внатре во оваа торта ставаме едно “fève”, кое во минатото било едно гравче и подоцна било заменето со мал порцелански предмет, “santon”. Личноста која ќе го добие гравчето ќе добие круна која ќе ја направи крал или кралица и ќе треба да си го одбере своето алтер его.

24232735846_81e1955273_o

Првично Водици е празникот на светлината, поради тоа што иако деновите стануваат подолги почнувајќи од 23ти декември, од 6ти јануари ние навистина можеме да го забележиме осветлувањето. Поради тоа и galette е округол златен колач кое е знак за сонцето.

За време на кралските периоди, луѓето го прославувале Водици (исто познат и како „Saturnales„) на овој начин: слугите ги променувале своите улоги со нивните господари, осудените на смрт имале еден ден слобода за време на празниците и војниците имале право да се во друштво на повисоките нивоа.

Fève

 

Рецептот Galette des rois (Кралскиот колач):
Состојки:

– 2 лиснати теста

За кремот:
– 2 јајца

-50g шеќер

– 30gбрашно

– 25cl млеко

– 1 супена лажица ванила

За бадемовиот крем:

– 3 жолчки јајце

– 125g бадемов прав

– 100g шеќер

– 125g стопен путер

Подготовка на рецептот:

Подготовка на кремот:

Мешајте ги јајцата со шеќерот додека мешавината не обеле.

Додадете брашно и мешајте.

Ставете ја ванилата со млекото во тавче.

Загрејте го млекото, потоа истурете го во мешавината од јајца и шеќер.

Измешајте ја оваа смеса и потоа ставете ја повторно во тавчето. На тивок оган оставете ја да згусне.

Покријте ја и оставете ја да се олади 1 саат.

Подготовка на бадемовиот крем:

Измешајте ги стопениот путер и шеќер додека смесата не обели.

Додајте ги јајцата едно по едно и потоа бадемовиот прав.

Ставете малку од жолчката од јајцето во посебен сад, за да го премачкате колачот на крајот (за да сјае).

Измешајте го кремот со кремот од бадеми
Проширето го првото лиснато тесто.

Ставете го кремот на лиснатото тесто.

galette-rois-creme-damande-sans-gluten-L-YTP0yY

Оставете простор од 2 центиметри на краевите на тестото.

Ставето го гравчето во кремот.

Премачкајте ги краевите на тестото со жолката од јајце.

Ставете го одозгора второто тесто и затворете ја целата смеса од сите страни

Премачкајте го горниот дел на колачот со жолчката.

Нацртајте неколку линии со нож.

Оставете го целиот колач во фрижидерот околу 1 саат.

Загрејте го шпоредот на 200 степени, оставете го колачот внатре околу 10 минути и потоа намалете ја температурата на 180 степени. Оставете го колачот да се пече околу 30 минути на оваа температура.

1414774

Cyrielle

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s