Македонски

Меѓународниот Божиќ

Божик во Чешка

Божик е многу познат празник во Република Чешка. Се започнува од 4тата Недела пред Бадниковата вечер – овој период го викаме “Адвент” што значи “Пристигнување”. Ние го имаме типичниот кружен венец со четири свеки и секоја недела една од нив се запалува. Нејзината светлина го означува пристигнувањето на Христос. За време на “Адвент” ние посетуваме Божикни маркети, уживајки во забавно поминато време со пријатели, слушаме божикни концерти, јадеме палачинки направени од компири, пиеме топло вино и секако пиво исто така. Традиционално ние печеме разни Божикни колачиња во нашите домови. Секое семејство има свои тајни рецепти.

На 6ти Декември, денот на Светецот Николaс, е многу важен ден за децата. Приквечер, на овој ден Св. Николас, Ангелите и Гаволите доагаат во куките во Чешка. Св. Николас им дава бомбони и овошје на децата кои биле добри преку текот на годината, но тие мора да испеат песна или да изрецитираат поема. Ако пак децата не биле добри и не ги слушале своите родители, тие ке добијат само јаглен и компири, во најлошиот случај Гаволот би ги ставил во нивните торби.

Lada

Josef Lada, Czech painter

Главниот ден е 24ти Декември – Бадниковата вечер. Се започнува наутро, со “Ваночка” (Божикна погача, направена со суво грозје и бадеми) за појадок. По појадокот ние ја украсуваме Божикната елка, слушаме Божикни мелодии и гледаме бајки. Најомилената бајка е “Попелка” (Пепелашка). Ако сакаме да ја видиме бајката “Златното Прасе”, ние мора да постиме цел ден. Традицијата е дека семејството треба да седне на Божикната трпеза со појавувањето на првите ѕвезди надвор и секој треба да ги стави паричките од својот Крап под својата чинија (За да има пари и изобилство во наредната година). Традиционалната Божикна вечера се состои од рибина супа (Супа од грашок или од некој друг зеленчук исто така може да биде опција), салата од компири и испржен Крап (или некоја друга риба). Традицијата е да се остави една празна чинија за некој посетител или за оние кои се во недостиг. Никој не може да стане од масата за време на вечерата, за семејството да може пак да се собере заедно наредниот Божик. По заѕвонувањето на ѕвонец, семејството оди да ги види подароците под Божикната елка, кои им биле донесени од Jezhisek (Бебето Исус). На полнок е традиционалната Божикна церемонија во црквата. На 25ти и 26ти Божикната прославата продолжува, одиме во посета на нашите роднини, на денот на Св. Стефан по традиција ние јадеме шатка приготвена со зелка и кнедли.

 

од Михаела Каванова и Тереза Лишкова

Божик во Франција

Божик е еден традиционален настан, кој е прославуван на многу различни начини според традициите на секоја вера. Во Франција имаме многу спецификации, но ке ви кажам како во основа ние го прославуваме Вожик. Повекето луге во оваа земја се Католици и повекето настани или традиции се поврзани со оваа религија.

Прославата започнува во почетокот на Декември, ние имаме посебен календар само за ова наречен “Адвент” кој го користиме за одбројување на деновите во исчекување на Божик, во кој календар ние наогаме чоколатца скриени зад секој ден од месецот. Ова прави ехо за сите Христијани кои се во исчекување на рагањето на Исус, затоа завршува на 24ти Декември. За време на овој период ние ги изготвуваме сите декорации на улиците, ја украдуваме Божикната елка, тука се и Божикните маркети, и целиот овој месец е полн со свечености. Нокта која преминува од 24ти во 25ти Декември, ние ја поминуваме со нашите семејства.

france5

Некои луге одат на црква и потоа ние си раздаваме поклони едни со други. Тие поклони претходно се поставени под Божикната елка по претпоставка дека се одтавени таму од Дедо Мраз (Децата веруваат во овој дел од приказната, но знаеме дека всушност родителите се оние кои ги оставиле таму). Потоа, ние конечно можеме да седнеме на вечерата. Има многу специјалитети, затоа ке ви ги кажам најпознатите. Вечерата почнува со остриги (вид на морски школки) и “фоие грас” (црн дроб од гуска кој специјално се подготвува и згуснува поради околностите). Потоа следува главниот дел од вечерата кој е најчесто месо од дивеч или од мисирка приготвено со сезонски зеленчук. Пред десертот ние јадеме салата со врсти на сирење, по кое обично следува Божикен колач. Се е комплетирано со добро вино и шампањ. Вака ние се забавуваме цела нок и свеченостите продолжуваат и на 25ти Декември, кој е државен празник за време на кој сите уживаат во време поминато со семејството.

од Quentin Mauboussin

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s