Истанбул, градот кој никогаш неспие, е неверојатен град изграден на два континенти – Азија и Европа, поделенсо Босфорскиот Теснец. Тој е еден од најголемите градови во светот кој нуди богатствоод историски и верски места за набљудување, антички споменици, кои датираат од римските, византиските и отоманските периоди и различни луѓе. Овој изненадувачки град нуди многу магични места, тука имаме неколку совети како можете да ги поминете Вашите празници во Истанбул и исто така препорачувам да се изгубите и да видете сами што можете да откриете, сигурна сум дека Истанбул ќе ве изненади на многу начини.
Што да се доживее во Истанбул
Посета на Сината џамија и Света Софија – магичниот момент е кога седете на една од клупите во паркот и го слушате на повикот за молитва меѓу нив.
Пробајте амам – турска бања, каде што можете да се опуштите и да уживате во рибање на телото и масажа.
Одете на турнеа со брод по Босфор – ако имате само неколку дена во Истанбул, тоа е најдобар начин како да ги видете главните атракции. Ќе се возите покрај палатата Dolmabahce, урнатините Румели, Кулата на Мејден, и многу џамии, куќи, и градини по патот.
Одете под земја во цистерната Базилика – една од најголемите антички цистерни пронајдени во Истанбул.
Пушете хука (наргиле) – постојат многу наргиле баровите во Истанбул, каде што ќе може да седете додека ја пушете цевката за вода и пиете Турски чај или кафе.
Одете на еднодневно патување до Принцевските острови – тоа е многу романтично и популарно место со мирна атмосфера, приватни моторни возила не се дозволени на никој од островите, сите пешачат, возат велосипед или изнајмуваат кочија која ја влечат коњи.
Скокнете до Азискиот континент – земете траект до Кадиќој и прошетајте околу пазарот, а потоа одете во Ускудар, каде можете да шетате по морскиот брег проследено со прекрасни погледи на Истанбул и Мејден кулата.
Посетете ја Палатата Топкапи – најголемата кралска резиденција во Истанбул, која служела како главна резиденција на отоманските султани речиси 400 години. Главни атракции во Топкапи палатата се харемот и трезорот во кој се наоѓаат скапоцени камења.
Шопинг
Има многу модерни трговски центри, каде што ќе ги најдете сите познати брендови во светот.Но, за мене вистинско искуство беше шопингот во чаршијата и Спајс чаршијата. Чаршијата е најголемиот покриен пазар во светот, со опфатени 61 улица и над 3000 продавници. Многу од тезгите во чаршијата се групирани според видот на добрата, со посебни области за кожа, злато, накит, облека, керамика, убави теписи, чанти и многу повеќе. Не пропуштајте да купете свое наргиле (турската цевката за вода) кое е многу убаво насликано и многу евтино. Постои широк избор нана прекрасни марами од кашмир за жените. Вториот по големина пазар е Спајс чаршијата, за мене една од најшармантните места во Истанбул, воздухот е исполнет со мирис на разни свежи зачини итурски задоволства – Локум, турско кафе, чај или суво овошје.
Храна
Донер е секогаш добра опција за брза и евтина храна, мали ресторани за донер се речиси насекаде. Не заборавајте да го вкусите Ayran, локален пијалак содржан од јогурт со сол.
Balik-Ekmek (буквално “риба и леб”) е омилен локален рибен сендвич кој се служи во мали бротчиња и малку бифе. Регуларен сендвич се состои од една мала пржена риба, парчиња домати и кромид.
Една работа која не смее да се пропушти е локалниот сладолед кој се продава на уличните штандови, наречен dondurma. Сладоледот обично вклучува екстракт од корен на орхидеи, кој му дава неверојатен вкус.
Пробајте Lahmacun – Турска пица, ова тенко тесто е покриено со мелено месо, зеленчук и билки.
Mercimek çorbası – оваа класична турска црвена леќа претставува еден грст леќа, морков, компир и кромид.
İskender кебапи – чинија од донер поставен на сечени лепчиња полеани со сос од домати и путер и се служи со лажичка ладен јогурт на страна.
Пробајте локум – Турско задоволство, популарно смолесто благо. Можете да одберете од вкусови како роза, цимет, нане, јагода, лимон, портокал, киви, калинка или јаболко.
од Михаела Каванова
Leave a Reply