Животен стил

Чудесниот свет на соништата

Сите ние сонуваме иако повеќето од нас тоа го негираат бидејќи не се во можност да се сетат на своите соништа наредното утро. Меѓутоа, во просек ние можеме да сонуваме од еден до два часа секоја ноќ и да имаме од четири до седум соништа. Пет минути откако сонот ќе заврши половина од сонот се заборава. Десет минути подоцна, 90% од сонот е заборавен.

Сонувањето може да се случи во било која од четирите фази на спиењето, но најживописните и впечатливи соништа се случуваат за време на последната фаза на спиењето- Рапидно Мрдање на Очите (REM). Во оваа фаза двете очи синхронизирано и истовремено се мрдаат и претставува една од најзначајните фази на спиењето бидејќи се смета дека умот се ревитазилира и емотивно се наштимува. Во оваа фаза умот е поденднакво активен како кога сме будни, но хемискиот состав е различен.

Многу истражувања го посочуваат значењето на соновите и нивната улога во нашето психичко и ментално здравје. Некои истражувачи веруваат дека соновите помагаат да се ослободиме од насобраниот стрес. Сонувањето е потреба, го полни мозок и ревитализира телото.

Еве некои интересни факти за соновите:

-Просечен човек поминува 6 цели години од својот живот сонувајќи.

-Слепите лица исто така сонуваат, но нивните соништа ги вклучуваат останатите сетила.

-Можеме да ги контролираме соновите и овој феномен се нарекува луцидно сонување.

-Секогаш сонуваме лица со кои веќе сме се сретнале некаде, но бидејќи сретнуваме толку многу луѓе секојдневно, не можеме да ги запаметиме сите.

-Некои луѓе сонуваат црно-бело додека пак други сонуваат во боја.

-Соновите, како и поезијата, користат симболи што значи дека колку и да ни се чини чуден сонот, тој сигурно носи некое релевантно значење.

-Животните исто така сонуваат.

-Анксиозноста е најзастапената емоција во соништата.

-Њутон, Бел па дури и многу поети и писатели црпеле инспирација од своите соништа.

-Во едно истражување било заклучено дека 18-38% од луѓето имале барем еден прекогнитивен (предвидување) сон а 70% доживеале дежа-ву. Исто така, 63-98% од луѓето веруваат дека е можно да се има претскажувачки сон.

од Милена Јанковска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s