Ерасмус+

Запознавање со Африка

Како повеќето млади луѓе, отсекогаш сум сакала да ги посетам сите страни на светот, да оставам отпечаток и дел од себе на секој ќош од Земјината топка, но секако, фантазирањето за освојување на светот е секогаш полесно во теорија. Иако сум ентузијаст за патување, не можев да се замислам застаната со синиот ранец на грб како велам: “Чао мамо, чао  тато, јас заминав за Камерун”. Но токму тоа и се случи. Заедно со една девојка од Шпанија и момче од Естонија поминавме 3 незаборавни месеци во Камерун, како дел од Европските Волонтерски Услуги (ЕВС). Значењето на ова искуство не може да се опише на само неколку страници, па затоа овде ќе се задржам на првите впечатови со кои се здобив таму, а во некоја наредна прилика, се надевам, ќе ви раскажам повеќе за Африканските Невладини Организации, работењето со дечиња со попречен вид, предавањето Англиски јазик на постари жени или пак за живописните црни плажи, вулкани кои ти го одземаат здивот или дождовни шуми каде и самиот Тарзан би се загубил.

This slideshow requires JavaScript.

  Гледајќи назад на работите, сега можам со сигурност да кажам дека бевме под огромен културолошки шок, иако додека бевме таму воопшто и не ми се чинеше така. Никогаш претходно не сум патувала во Африка, па се обидов да немам никакви фиксни очекувања  и да бидам подготвена на се. Моментот кога пристигнав во мене се разбрануваа измешани емоции на тивок страв и гласно зуење на адреналин. Се натоваривме сите во еден автомобил и заминавме за градот Буеа. Наредните неколку денови работевме на изнаоѓање компромисни решенија со хостинг организацијата, па работите се придвижија. Всушност, работите лазеа и тоа многу бавно. Ние во Европа сме толку научени да работиме под притисок и да сме во трчање село време што начинот на живеење во Африка ни доаѓа како големо изненадување. Таму, доколку некоја работа треба да се заврши, процесот се дели во неколку фази: Прво, размислуваш за тоа што треба да го направиш. Потоа се одмораш малку, бидејќи сето тоа мислење те заморило. Следно мораш да ја преспиеш одлуката или решението, за да не се случи наредниот ден да имаш друго мислење или став за целата ситуација. Наредниот ден треба да чекаш некој да те потсети за обврската од претходниот ден.

Потоа почнуваш со процесот на контемплирање на идејата. Да скратам, фазите на овој процес може да се повторуваат бесконечен број пати, а обврските и задачите никогаш немаат “рок на траење”. Ова има и позитивни и негативни страни за нас волонтерите. Ние го развивавме нашето трпение и учевме како да се справуваме со стресот и нервозите, кои се состојба од која пати секој втор Европеец. Од друга страна пат, доколку премногу се навикневме на таквиот начин на живот, мислам дека немаше да можеме да преживееме во Европа. Значи, на наше големо задоволство, започна три месечниот период на набљудување, учење и адаптирање на културните разлики…

Бидејќи не сум добра со броење на зборови, за сега морам да запрам овде.

од Милена Јанковска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s