За мене, како ќерка на страстен нумизматичар, една од првите работи што треба да се направи откако ќе се пристигне во нова земја е запознавање со локалната валута. Бидејќи локалните валути отсекогаш биле возбудлива и интересна тема за мене, направив едно поопширно истражување. Ако никогаш не сте знаеле (или не сте ни забележале) што е прикажано на македонските денари, продолжете да читате.
Да започнеме со една од најчестите банкноти кои може да направат вашиот паричник да се ‘подуе’ како мојот стомак после секоја посета кај баба ми и дедо ми. Банкнотите од 10 денари се издадени во 1996 година и честопати изгледаат старо и истрошено, но за мене тие со прекрасни бои и дизајн. На предната страна на банкнотата, на десната страна може да се види торзото на египетската божица Исида, мајка на природата која што владее од подземјето. Таа ги теши оние кои страдаат и ги смирува бурите. Многу одамна, скултпурата била донесена во Охрид, тогаш познат како Лихнидос. На левата страна, врамена во триаголник, е прикажана златна обетка во форма на полумесечина која била откриена во Берантси (Битола), во гробница од IV п.н.е.
Ако ја свртите банкнотата од другата страна, ќе забележите разнобоен паун. Ова е детал од поден мозаик од крстилница од Епископалната Базилика во античкиот град Стоби. Паунот, птицата на рајот, пие вода од стомна – изворот на животот (cantaros) и со тоа ги симболизира верниците кои што копнеат за христијанската религија, психички мир и смирености. Истиот дел од мозаикот е изгравиран и на задната страна на монетите од 10 денари кои започнаа да се користат од 2008 година.
Монетите од 50 денари се едни од најретките, барем според тоа што јас го имам видено. Се принтаат од 1996 година и се речиси целосно заменети со монетите од 50 денари. Сепак, на банкнотата се прикажани многу работи. На предната страна, е прикажана бакарна монета. Во 498 година, монетарните реформи на Императорот Анастасиус придонеле за елиминација на инфлацијата и монетарен хаос во источниот дел на Римската Империја. Неконтролираното изработување на бакарни монети било прекинато со воведување на нови бакарни монети со тежина од точно 9.10 грама. На монетите биле изгравирани буквите М, К или I и секоја од нив означувала различна вредност. Над монетата, има слика од декоративен лак кој е рамка на фреска од Св.Пантелејмон, заштитник на црква во Горно Нерези (Скопје). Црквата била изградена во 1164 година и во неа има неверојатни фрески. На задната страна на банкнотата, повторно може да се забележи дел од фреска на која е прикажан Архангел Габриел. Оригиналната фреска може да се најде во црквата Св. Ѓорѓија која потекнува од раниот XII век и е лоцирана во Курбиново, во близина на езерото Преспа.
Продолжува…
од Rugile Vailionyte