Македонски

Патување во Македонија

Македонија е мала земја за патување, може да се оди речиси насекаде за три часа.Територијата е планинска што го прави патувањето малку потешко во некое местои транспортните правци понекогаш не се во добри услови.Па ајде да ги видиме позитивни и негативни поени за секое превозно средство споредувајќивозови, автобуси, автостпери и такси превозот.

skopje-train-station

Кога прв пат дојдов тука македонскиот народ ми рече да бидам внимателен во врска возовите на Балканот, поради старите локомотиви и статусот на железничката пруга.Па бев малку загрижена пред да се обидам со ова, но тоа беше поевтино од автобус и времето беше совршено за мене, па скокнав внатре, молејќи се да не има било какви непријатности за време на патувањето. Возовите се стари и по малку валкани, но навистина удобни. Тие се движат бавно, застанувајќи на секоја мала станица, но поминуваат преку прекрасни пејзажи, и тоа можете да го заклучите преку прозорците. Ми требаше повеќе време за да ја достигнам мојата дестинација отколку со автобус, но се на се ако не сте во брзање, јас би го препорачала овој начин. Само внимавајте тие може да се понекогаш навистина преполни,дури и ако се купи билет, тоа не значи дека ќе имаместо за седење, и оние стари возови може да имаат повеќе проблеми од вообичаено.

image3

Автобусот е за мене најбезбеден и најлесен начин на патување во Македонија. Постои поаѓање редовно до секој град во Македонија и се стигнува до својата дестинација релативно брзо, за повеќе или помалку од 15 минути од планираното. Евтино е и патиштата се претежно во добра состојба, особено ако  патувате од Скопје со двата автопати.  Удобноста во автобусот зависи многу од друштвото, така да изберете внимателно затоа што може да немате место за вашите нозе или да поминете 3 часа во сауна / фрижидер (во зависност од годишното време). Автобуската мрежа е добро развиена во Македонија и тоа е многу добро затоа што тоа е можеби најдобриот начин да се патува во земјата, кога немате автомобил.Само не заборавајте да го понесете со вас вашиот  VOICES магазин за да имате што да читате, затоа што патувањето може да биде малку досадно ако не ви се спие.

hitchhikingАвтостопирањето во Македонија не е многу добро познато и во основа никогаш не сум видела ниту еден Македонец да се обиде да автостопира, но тоа е очигледно најевтиниот начин за движење од едно до друго место.Навистина, вие само треба да чекате на вистинското место, да држете знак со вашата дестинација и да се надевате дека некој ќе запре. За удобност или време поминато е тешко да се пресмета, бидејќи сето тоа зависи од тоа колку среќа имате и кој ќе застане да ве однесе. Па, не планирајте точно време за кое треба да стигнете до вашата дестинација, понекогаш ќе почекате 2 часаво средината на никаде, а понекогаш ќе најдете некој во 5 минути, кој оди во точното место вие каде што сакате да одите. Но, барем секогаш ќе запознавате нови луѓе, ќе разговарате со нив и ќе си поминете убаво патувајќи. Високо препорачливо, ако имате време и ви се допаѓа контактот со други луѓе.Но, имајте на ум дека тоа не е познато во Македонија, а понекогаш и луѓето ќе очекуваат нешто од вас, така да бидете јасни од самиот почеток со возачот.

Untitled-1

Такси превозот е широко распространет во сите градови, и не можете да ги пропуштите, возачите ви приоѓаат вас, дури и ако не ви треба такси воопшто. Иако е добро да се движеме низ градот, кога сте повеќе од 15 минути во таксито, тогаш тоа почнува да станува многу скапо. Значи, движејќи се од еден до друг град може да чини многу повеќе во споредба со автобус, но ќе бидете на точното место што сте сакале за помалку време отколку било кој друг начин на транспорт.Од суштинско значење е ако живеете некаде каде што не сте поврзани со автобуси или возови. Ако земате едно за патување прашајте за цената прво при големи растојанија и пробајте да ги пополнете сите други места со други луѓе за да ги поделете патувачките трошоци.

Па дури и ако немате автомобил, има многу начинида се патува низ Македонија и се посетат сите убави места кои оваа Земја ги нуди. Во зависност од вашите потреби и желби имате  различни опции, така што не ви е потребен изговор повеќе за да не патувате !

Од Квентин Мобосан

hellas-express-macedonia-1

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s