За месецов решив да направам осврт на филмот Човекот кој падна на Земјата во спомен на Дејвид Боуви. Тој е познат пејач но глумел и во неколку филмови. Човекот кој падна на Земјата е еден од нив.
Приказна за еден вонземјанин со неверојатна способност кој ги истражува можностите за колонизирање на нашата планета. На Земјата доаѓа во човечки облик како Томас Џером Њутн. Тој има голема предност зашто најголемиот дел од планетата е покриен со вода а на неговата родна планета владее невидена суша и горештина. Освен ова, низ целиот филм тој не се смее, никој не знае ништо за него, нема ништо сомнително, дури ни заљубување. Но, уште од почетокот, некој набљудува. Неговата мисија е недозавршена, а по низа неверојатни искуства еден алкохоличар, спротивно на својата волја, го уништува.
Човекот кој падна на Земјата е интересен, експериментален филм за вонземјанин со човечко тело познат како Томас Џером Њутн. Дури и наликува на научно-фантастичен жанр, а приказната се фокусира на мистериозниот туѓинец на Земјата и неговото присуство меѓу човештвото.
Од Тереза Лишкова
Leave a Reply