СИЛАТА НА ЉУБОВТА

Љубичица

Убава

Блескава

Орхидеја

Вистинска

ЉУБОВ – самиот збор произведува зборови со огромно и длабоко значење. Прилично често луѓето велат дека љубовта е слепа. Јас навистина не знам што е правилно, а што лошо за оваа изјава, од моето искуство можам да кажам дека љубовта треба да биде заедничка, еднаква и еднакво дадена од двете страни, без разлика дали тоа е семејна, родителска, другарска, партнерска или брачна љубов. Но, во оваа смисла, љубовта не е, и никогаш нема да биде слепа, туку таа ќе блеска со силна светлина и ќе им даде голема топлина во срцата на двете страни.cover_eli

Дали секој од нас некогаш сезапрашал за луѓето во светот кои имаат недостаток од љубов во својот живот? Јас лично се запрашав и верувајте ми дека после тоа прашање не можев да заспијам. Во моето срце започна да се развива битка за тоа зошто не правам ништо за да ги затоплам срцата на луѓето на кои им треба малку љубов и поддршка, за да продолжат понатаму во својот живот. Со денови не можев да спијам и, конечно, дојдов до идеја да започнам да дадам љубов и поддршка на првиот човек со потреби. Името на овој човек е Ели, таа е една убаво девојче на кои итно им е потребен медицински третман во САД, но за тоа нејзините родители мора да платат голема сума пари. Јас лично верувам дека доколку тие ги имаат тие пари, тие би биле повеќе од подготвени да ги дадат со цел нивното дете да биде среќно, здраво и безгрижно да расте и да си игра со нејзините другарчиња.

hearth cover

Во таа насока, приватното училиште за кинески и италијански јазик “Ни Хao” – Скопје, во соработка со “Волонтерски Центар Скопје”, на 14-ти февруари 2016 година во “Ли Кафе” – Скопје во периодот од 17.00 – 20.00 часот ќе организира хуманитарен базар “Со љубов за Ели”, каде што неколку млади и уметнички луѓе ќе се соберат заедно и своите креативни творби ќе ги продаваат на посетителите. Парите собрани од чаршијата ќе одат за лекување на Ели во САД. Значи, во тој поглед, би упатил апел до сите луѓе во Македонија да донираат преку отворените мобилни линии за донации, кои може да ги најдете на фотографијата со големо срце. J

14-ти февруари, не е само датум, не е само празник за луѓе кои се заљубени, не е само празник за љубителите на виното. Овој празник е за споделување на љубовта, за грижа на другите, за да им се помогне на луѓето со потреби, како и за да ги направиме другите луѓе среќни. Не е важно дали сте сингл или имате партнер. Јас би рекол дека најважна работа е не само за време на празниците, туку секој ден да се прават добри нешта и да се направат другите луѓе среќни. Љубовта е несебична, па да бидеме несебични и ние.

Пишување и превод: Драган Лазески

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: