Иран – 1 Дел

Сигурно многумина од вас го чуле името на државата ИРАН, позната и како Персија, античкото име на земјата. Оваа прекрасна земја се наоѓа во Блискиот Исток, недалеку од Македонија, а не во Далечниот Исток, како што многу луѓе се замислуваат. Таа географски се наоѓа во Западна Азија, се граничи на Персискиот Залив, Оман Залив и Каспиското Море. Нејзините соседи се Турција, Ерменија, Азербејџан, Авганистан, Туркменистан, Пакистан и Ирак. Иран е дом на една од најстарите цивилизации во светот и тоа благодарение на доминантната геополитичка позиција во светот, една од најголемите империи во светот во историјата. Империјата се урна во 330 п.н.е., по освојувањата на Александар Велики. Бидејќи земјата опфаќа различни географски околности, се соочуваме со различни видови на клима во текот на годината во различни региони; можете да одите на скијање во текот на зимата во планините или да уживате во сосема благо време по должината на брегот.Пустини, потоци, шуми и пасишта се одамна атракции како за локалното населените, така и за туристите.

7
Davamand mountain

Накратко во неколку серии, јас ќе ве запознаам со оваа прекрасна земја. Можеби тоа ќе биде вашата следна дестинација за патување. Кој знае…

Стапката на раст на населението на земјата се зголемува, од околу 19 милиони во 1956 година на околу 78 милиони до 2013 година, според статистиката. Официјален јазик е Персиски (Фарси), а исто така и неколку други јазици се зборуваат во различни региони на Иран. Пред арапските освојувања, Зороастризам беше Иранската религијата. Сега 98% се муслимани, а 89% се шиитски спротивно на остатокот од муслиманските земји. Откако тие го прифатиле исламот, културата и уметноста паднале под големо влијание.

Техеран е главен град и најголем град, место на живеење на речиси 12,5 милиони луѓе, правејќи го да страда од загадување и сообраќај, како и многу други големи градови во светот. Но секогаш може да се уживана свеж воздух и глетката на руралните делови, не многу далеку од градот.

1
Nasirolmolk Mosque in the city of Shiraz

Ако патувате во Иран во февруари ќе ја видидите земјата како ја слави годишнината од Иранската револуција, која се одржа на 11 февруари 1979 година. Таа доведе до соборување на династијата Пахлави конечно заменувајќи ја со Исламската Република на чело со Рухолах Хомеини, водач во тоа време, кој се врати во земјата по долг прогон. Тој формира новата влада во април 1979 година, по одржувањето референдум.

Иранскиот кулинарски стил е уникатен, иако во минатото бил под влијание на соседиот Иран и освоил региони во различни фази во текот на својата историја. Турската кујна, азербејџански кујна и иранскиот кујна, од друга страна имаат големо меѓусебно влијание едни со други. Оризот е главна храна придружен со чорба направена со зеленчук, месо или пилешко со локалните зачини.

Друга работа е што би сакала да ја споменам,а мислам дека веќе сте запознаени со неа, е ткаењето теписи, што е нераскинлив дел од персиската култура и уметност. Тие се широко познати познати низ целиот свет. Според нивниот дизајн и бои тие имаат различни имиња. Исто така, постојат различни употреби како симболична, декоративни или само како покривки. Тие се изработени рачно во неколку поголеми градови во Иран, кои се познати по своите уникатни модели и бои кои ги користат.

Па сега претпоставувам дека имате основни информации за оваа Персиска мачка која лежи на Блискиот Истоки и се грижи за тековните настани. Се гледаме во следната епизода.

Текст: Afra Fekri

Превод: Vela Popadic

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: