Македонски

Скијање

Што би било тоа што ќе ве натера да станете од кревет во зима и да го поминете целиот ден надвор? Скијање! Овој рекреативен и конкурентен спорт надвор на отворено ги зближува луѓето од различна возраст и култура. Можете фантастично да си поминете спуштајќи се низ падините, на свеж планински воздух, да направите нешто за вашето здравје и да ја споделите со други луѓе вашата љубов кон скијањето. Скијањето е многу популарен спорт, околу 80 земји во светот нудат ресорти за скијање и оклу 350 милиони луѓе годишно ги посетуваат истите низ целиот свет.

Скијањето има долга традиција. Првобитно скијањето било користено за транспорт низ планинските области. Ловците од Каменото Време врзувале долги даски и дрвени парчиња за нивните нозе за да можат побрзо и подалеку да се движат низ снегот. Во денешно време тоа е спорт со различни стилови и типови на скијачки дисциплини. Во Алпското скијање кое се одржува на стрмните падини има 4 дисциплини: Слалом, Велеслалом, Спуст и Супер Велеслалом. Исто така се организираат и натпревари во крос-кантри скијање (трки со скии на долги, рамни патеки), бијатлон (комбинација од крос-кантри скијање и стрелање во мета), слободен стил (спортистите ги искажуваат своите вештини преку акробации, на нерамен терен со испакнатини и воздушни скокови), потоа ски скокови од скокалници и скијање со даска (сноубординг).

Интересни факти за скијањето

-Моргедал, едно село во Норвешка се смета за „лулка“ на скијањето. И самиот збор „ski“ има потекло од норвешкиот јазик (skíð) што значи парче дрво.

-во 1843 година беше одржан првиот јавен натпревар во скијање во Норвешка.

-првата жичарница на парен погон беше изградена 1910 година во Калифонија, а првиот седечки лифт за скијачки транспорт во Сан Вели, Ајдахо, 1936 година.

-во 1924 година беше формирана Меѓународната Скијачка Федерација и одржани првите Зимски Олимписки игри

-Харисон Шмит, член на екипажот на Аполо 17 изјавил дека астронаутите кои одат на Месечината би требало да ги совладаат вештините на крос-кантри скијањето бидејќи таа техника го олеснува движењето по површината на Месечината.

-сноубордингот е воведен како скијачка дисциплина во Нагано 1998 година. Мажи и жени се натпреваруваат во велеслалом и во халфпајп дисциплините. Шерман Попен од Мичиген е првиот кој во 1965 година споил две скии и тоа го нарекол „снурфинг“, комбинација од снег и сурфање.

-скијањето е еден од најбрзите немоторизирани спортови на копно каде брзинските скијачи редовно достигнуваат брзини преку 200 км/ч. Моменталниот светски рекорд е 253,18 км/ч кој го држи Лука Ферара од Орландо, Флорида.

-беа потребни 90 години женските скијачки скокови да се најдат на Олимпијадата. Жените првпат скокаа во Сочи, 2014 година.

-постои широка палета на димензии на скии за луѓе со различна висина, тежина и побарувања. Најчесто тоа зависи од сопствените потреби и вкус. За почетници се избираат најчесто скии чија должина е отприлика пократка и до висина на брадата. Подолгите скии овозможуваат развивање на поголема брзина додека пократките полесно управување. Скиите Биг Фут (или продолжено стапало) се дизајнирани да бидат најмногу до 100 цм во должина, што е многу пократко од нормалните но исто така се пошироки. Тие овозможуваат одлична контрола и многу помал радиус на вртење. Тие се идеални за тежок планински терен, за деца и за оние кои штотуку започнуваат со скијање.

-скијањето ќе го подобри вашето здравје доколку скијате редовно. Тоа исто така ја подбрува работата на кардио-васкуларниот систем, вашата координација и рамнотежа, вашите мускули, колена и коски стануваат појаки и ја спречуваат повредата на колена и остеопорозата, ќе ви помогнат за одржување на идеална телесна тежина согорувајќи 350-400 калории на час. Скијањето е исто добро за вашиот став, енергија и против стресот. Резултати се виливи и во квалитетот на сонот (спиењето) и подобар апетит.

Vintage_Snow_Cat_Mt_Hood_with_Snow_Bunny

Текст: Михаела Каванова

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s