Животен стил

Среќна Нова Година

Чуден наслов во ова време од годината, нели ? Но вистинит, во Иран користиме различен календар. Тој се нарекува Соларен Хиџри календар; Ние сме во 1394 година и се подготвуваме да ја прославиме Новата Година, 1395. Тој почнува на пролетната рамноденица и се базира на орбита на Сонцето околу Земјата. Секој од дванаесетте месеци кореспондира со Хороскопски знак. Првите шест месеци имаат 31 ден, следните пет имаат 30 дена, а последниот месец има 29 дена во вообичаените години, но 30 дена во престапна година. Сегашниот Ирански календар е легално усвоен на 31 март 1925 година и тој се користи во Иран и Авганистан. Почетокот на календарот е истовремен со Исламскиот календар, кога пророкот Мухамед, се преселил од Мека во Медина во 622 A.C., но разликата е во тоа што Исламскиот (лунарен) календар се базира на орбитата на Месечината околу Земјата.

Првиот ден од Новата година е на почетокот на пролетта и се нарекува «Norooz”, “No” значи нови и “Roz” значи ден. Соларната Хиџри година почнува околу 21 март од Грегоријанската година и завршува на 20 март следната година. За претворање на Соларна Хиџри година во Грегоријанска година, додадете 621 или 622 години на Соларна Хиџри година во зависност од тоа дали Соларна Хиџри годинае започната или не. Во Иранскиот календар, секоја недела започнува во сабота, а завршува во петок. Во повеќето исламски земји, во петок е неделен одмор.

Пред Нова Година, вечерта на последниот вторникот од годината имаме фестивал на прескокнување на оган кој се нарекува Chahārshanbeh Suri, исто така и фестивал на огнот, како увертира на Nowruz, со кој се одбележува доаѓањето на пролетта. Тој е древен курдски фестивал кој датира најмалку 1700 п.н.е. од почетокот на Зороастрианската ера. Го слават Азербејџански, Курдски, Турски, Авганистанските народи, како и некои други земји во светот. Зборовите Chahar Shanbeh значи среда и Suri значи црвена боја. Прославата обично започнува во вечерните часови, со луѓе кои припремаат огнови на улиците и скокаат преку нив пеејќи “ zardi-ye man az toh, sorkhi-ye toh az man “. Буквален превод е “мојата жолта е твоја, твојата црвена е моја”. Ова е церемонијата на прочистување. Ова значи дека сакате огнот да го земе вашата бледило, болести и проблеми и за возврат да ви даде црвенило, топлина и енергија.

Неколку дена пред новата година Haji Firooz, симболичен маскиран човек со црно обоено лице кој талка по улиците во црвен сатенски костим, пее и танцува, известувајќи не дека зимата помина и пролетта е близу. Звукот на неговите песни и неговиот танц често се аналогни на Божиќната музика во трговски центар, велејќи им на сите дека Norooz се ближи.

12788909_170282226686439_561651192_o

Потоа, наместо новогодишна елка, поставуваме маса, наречена Haft Sin, што значи дека поставуваме седум објекти кои почнуваат со буквата “С». Секој од нив е симбол и има одредено значење. Како што можете да видите на сликата, “Sabze”, пченица раснета во посебен сад (како симбол на повторното раѓање), “Samanu”, сладок пудинг направен од пченични никулци (симболизира богатство), “Senjed”, сушени oleaster диво маслиново овошје (симболизира љубов), “Seer”, лук (ја симболизира медицина), “Seeb”, јаболко (симболизира убавина и здравје), “Somāq”, sumac овошје (ја симболизира бојата на изгрејсонцето, со појавата на сонцето Доброто го победува Злото), “Serke”, оцет (ги претставува возраста и трпението).

Убавината на Haft Seen е дека е поврзан со природата и нема никаква врска со ниту една религија. За повторување на сите надежи и желби изразени преку традиционалните јадења, на масата исто така се поставуваат и други елементи и симболи: неколку парички ставени на масата претставуваат просперитет и богатство; насликани јајца претставуваат плодност; портокал од Севиља кој плови во една чаша вода ја претставува земјата која лебди во вселената; златна рипка во сад го претставува животот; розова вода позната по својата магична моќ на прочистување, исто така, е поставена на масата; сад со расцветан зумбул или нарцис, исто така, е поставен на масата; огледало што ги претставува сликите и рефлексиите на Создавањето кога ги славиме одново античките Персиски традиции и верувања дека Создавањето настанало на првиот ден на пролетта.

на другата страна на огледалото два свеќници со запалена свеќа за секое дете во семејството. Свеќите претставуваат просветлување и среќа; Куранот (последната света книга која ја нагласува вербата во сите пророци, да создададат единство, но некои луѓе претпочитаат да ја постават «Хафез», поетска книга напишана од персискиот поет Хафез).

Децата уживаат во бојадисување на јајцата и во помагање на мајка си да се постави масата. Во текот на последниот месец од годината луѓето имаат намера да се чисти целата куќа, чистење на ѕидовите, теписи, завеси и така натаму. Свежото пролетно ветре е толку пријатно додека сте во шопинг низ улиците, сонцето сјае, затоплувајќи ги преостанатите знаци на зимата. Сигурна сум дека ако поминете во Иран во овој период од годината нема да зажалите.

Афра Фекри, Превод: Вела Попадиќ

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s