Ерасмус+

Две македонки го освојуваат Сасело

Во една убава стара селска куќа сред Парко Беигуа, ние, Александра и Анастазија поминавме пет февруарски денови. Во Сасело, едно непопуларно гратче во Лигурија, нѐ донесе тренинг курсот со едноставен наслов –REC (или поточно Неформално образование: Признание, евалуација и сертификација).

DSC_0311 (1)

Нестрпливи да учествуваме на тренинг курсот и да запознаеме нови луѓе од единаесет различни земји, тргнавме на напорен пат за конечно да стасаме во Сасело откако сменивме авиони, возови и автобуси. Штом стигнавме на целната дестинација, сфативме дека уморот сме си го оставиле во последното превозно средство, зашто позитивната енергија на учесниците кои беа пристигнати и пристигнуваа во тој момент веднаш се прошири низ Рифуџо. Кратко потоа станавме дел од една енергична атмосфера исполнета со млади луѓе кои си ги кажуваа имињата, своите земји на потекло и многу други работи за себе. Наредното утро беше и официјалниот почеток на тренинг курсот кој траеше пет дена. Темата беше доста интересна и предизвикувачка, а составот на самата група овозможи отворање на вразлични дискусии поврзани со темата.

DSC_0184 (1)

Најпосле научивме за состојбата на неформалното образование во одделни земји, насоките во кои невладиниот сектор работи како и за улогите кои учесниците ги имаат во здруженијата во нивните земји. Што се однесува на активностите на тренингот, тие во главно се засноваа врз принципот на групни дискусии и учење од врсници. Начнавме и многу различни прашања и на крај заклучивме дека неформалното образование е тема податлива за бесконечна дискусија и дека не можеме да носиме заклучоци кои подоцна ќе си ги земаме здраво за готово. И во текот на сите овие дискусии, забава, смеа и пријателство си имавме на претек. Како што деновите минуваа, така и нивото на позитивна енергија станување сѐ повисоко. На многу од нас не им беше проблем останувањето до два часот по полноќ зашто толку бевме внесени во игрите кои ги игравме секоја вечер што не чувстувавме дека времето минало.

DSC_1034 (1)

За ваквото весело расположение значително придонесе и куќичката во која бевме сместени тие пет дена. Зашто куќичката беше така малечка и удобна, неизбежно беше да се собереме во двете големи соби по вечерата и да си седиме покрај огнот, да зборуваме и да се смееме. А кога велиме „вечера“ сигурно ќе си помислите дека се изнајадовме пица за ручек и вечера. Па и не баш. Во главно, јадевме органска храна која ја одгледувале самите сопственици на куќичката па така го промовираа агротуризмот. Ама вкусна беше, и како што спомнавме претходно, сосема нетипична и нешто што не очекувавме дека би го јаделе во Италија. Неверојатно сончевото време во Сасело беше сосема спротивно на врнежливата атмосфера на која наидовме на нашата еднодневна екскурзија до Џенова. Сепак, си шеткавме по улиците на Џенова и неизбежно, си се насладивме со неколку кугли „џелато“.

DSC_1038 (1)

По интересната дискусија на која имавме можност од прва рака да слушнеме за практиките на италијанскиот систем за вреднување на неформалното образование, се нафрливме на типичниот џеновјански ручек. Како што се чинат ко неколку минути, нашите пет дена во Сасело завршија со многу прегратки, многу покани за пријателство на фејсбук и прекрасни спомени.

Александра Лазороска и Анастазија Димитрова

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s