Проект на МХД УМКА – Скопје Јавни агори

Проект на МХД УМКА – Скопје

Јавни агори

Во рамките на проектот Хомо Еурепеанус кој е финансиран од програмата Европа за граѓаните, МХД УМКА Скопје одржа три предавања ткн. Јавни Агори. Две од агорите се одржа во Скопје, а една во Тетово.

Првата Агора се одржа на 24 март и носеше наслов  Бенефиции и предизвици од Европското граѓанство.  На неа се дискутираше за правата, но и обврските што ги носи европското граѓанство како и она што тоа ќе значи кога македонските граѓани ќе станат полноправни ЕУ граѓани.

Втората Агора се одржа на 29 март во Тетово во просториите на организацијата Мобилност Тетово. Темата на втората Агора беше- Европските програми -голема можност за младите.

Третата агора се одржа на 30 март повторно во Скопје со тема, Бегалската и мигрантската криза во Европа.

Вкупно на сите три јавни дискусии присуствуваа околу сеудмдесетина луѓе членови на невладини организации, младински организации, млади, студенти, ученици. Сите тие имаа можност да ги искажат своите мислења и ставови и да чујат нешто повеќе од модераторот на дискусијата и секако да поставуваат прашања. Во секој случај сите три агори и темите на кои се дискутираше очигледно бараат и понатамошно внимание и за нив граѓаните,  а особено младите имаат потреба од дополнитлени информации, но и простор за споделување на сопствените идеи, размисли, погледи. Покрај активностите со агорите и Хомо Еуропеанус проектот МХД УМКА Скопје и понатаму ќе организира вакви дискусии и јавни дебати.

11,1

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: