Македонски

Вечната Помпеја – склоп од антиката и современоста во подножјето на Везув

Помпеја, како што е и нарекувана – Вечниот Град претставува една од најголемите туристички атракции во Италија. Римски град кој несреќно завршува под лавата на една од најголемите Везувови ерупции во 79тата година. Неколку години претходно силен земјотрес го уништува поголемиот дел од Помпеја, а подоцна и ерупцијата на вулканот целосно го покриваат овој град во пепел. Дури по 17 векови Помпеја е откриена и зборува за животот и архитектурата во антиката.

IMG_2651

Чекорејќи по римската калдрма, низ главната улица се чувствува мирисот на едно поинакво време. Топлината која ја чувствував од сонцето, но комбинирана со величествениот Везув буди морници.  Некогаш тука исто имало живот, луѓе пешачеле, работеле, живееле на таа калдрма, но еден ден тој живот се претворил во пепел од топлина многу посилна од таа што ја почувствувавме. Над 11 илјади луѓе останале затрупани со целиот свој живот останале неоткриени 17 векови.

Го посетивме и вулканот Везув – огромно дело и начин на природата да ја покаже својата моќ.Искачувајќи се кон Везув, ги забележав куќите на луѓето и се запрашав: Зарем не се плашат од Везув? Но, всушност во тоа е и неговата убавина –  голема колку и неговата моќ, тој е величествен, но опасен.  Големиот кратер, од чии длабочини извира врелата, но сеуште, жива лава, која изгорелa илјадници животи,  сепак дава неповторливо и уникатно чувство. Стоејќи на средината, на 1200 метри височина,  меѓу огромното сино Тиренско Море од една страна, а вулканската црно-црвена земја и кратерот од друга страна, забележав еден од најубавите контрасти што самата природа може да ги понуди. Контраст нанежната убавина на синото и мирно море со моќна и силна величественост на Везув.

12920883_10207727909290146_911053722_nIMG_3193

Недалеку од Везув и рушевините на Помпеја се наоѓа гратчето Помпеи.  Всушност,човештвото секогаш наоѓа начин за да се издигне над историјата и несреќите и да продолжи да функционира. Така и Помпеи, мало гратче во типично италијански стил на мали и тесни улични, но брзо и лудо возење, пријатни луѓе – но, кои времето го пресметуваат на италијански начин – секогаш задоцнето и полн, но прекрасен плоштад.

Преку оваа размена, се запознав со културата не само на Италија туку и  на Латвија, Бугарија, Романија и Естонија. Ние, се пофаливме со нашата ракија и ајвар и ги учевме да го играат тешкото. Ние го вкусивме старото античко време, дишевме од Везувиот воздух и го почувствувавме италијанското современие, сето тоа преку Еразмус+ – можност за сите млад   и луѓе.

IMG_3192Ana-Marija Velinovska

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s