ОСВРТ НА КЛАСИЧНИОТ БАЛЕТ „ЖИЗЕЛ“

Реалистично романтичен, во истовреме и фантастичен.  Од праизведбата во Париз, во 1841 година, па се до денес непрекинато се изведува  ширум Светот, таков, романтичен и фантстичен, класичниот балет Жизел.

photo_verybig_15922

Во далечната 1841 , музиката компонирана од францускиот балетски и оперски композитор Адолф Адам, либретото од  Жил Анри- Верној и Теофил Готие и кореографијата на Жан Корали и Жил Перо,за прв пат, ги одигра италијанската балерина Карлота Гриси.

Нежната игра, музиката речиси приспивна и девствено белите самовили, како пердувчиња лесни, на московската, сант петербуршката, париската и лондонската, но и на уште многу други сцени меѓу кои и македонската балетска сцена, ни ја раскажуваат најубавата, во истовреме и најтажната љубовна приказна. Приказната на Жизел.

Жизел е сиромашна девојка од село, вљубена во благородник. Првиот чин ја прикажува средбата на Жизел и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Алберт ја има својата свршеница Батилда, но тоа го крие од Жизел и и ја возвраќа љубовта. Алберт е разоткриен од шумарот Хиларион , кој исто така е вљубен во Жизел. Жизел не можејќи да ја прифати лажната љубов на Алберт полудува и умира од болка.

4-2-1carl_v-74

Вториот чин ја прикажува играта на самовилите, кои се всушност верени девојки кои умреле пред својата свадба.  Самовилите во текот на ноќта излегуваат од своите гробови и танцуваат. Една ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и грофот Алберт и двајцата ја искажуваат својата љубов над гробот на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел. Таа е една од самовилите и игра со него до раните зори. Таа го држи жив и разигран до моментот кога ноќта заминува, сонцето изгрева и самовилите исчезнуваат.

jpboishoi-master315

Изминатите Февруари и Март, 2016 година, во македонската опера и балет три пати беше изведен Жизел, еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во кореографија на русинот Леонид  Лавровски, Жизел ја одиграа македонските прима балерини, првенката Александра Мијалкова, потоа Мими Поп Алексова-Атанасовска и Марија Кичевска-Шокаровска. Во насловните улоги на Алберт пак, настапија, Василиј Чичијашвили,  Бобан Ковачевски и Емил Јорданов (Бугарија), односно Дојчин Дочев (Бугарија) како Хиларион.

 

Текстуалниот концепт за ова музичко- сценско дело е инспириран од еден пасос за самовили во прозното дело „De l’Allemagne“ од Хајнрих Хајн и од поемата “Fantômes”(„Духови“) од делото „Les Orientales“ на Виктор Иго.

Анушка Цветковска

mob_10__6

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: