Култура

Што е, всушност, Куршумли-Ан ?

Во срцето на старата Скопска чаршија, омиленото место на сите што прв пат го посетуваат нашиот главен град, или пак, на оние кои што сакаат да избегаат од секојдневниот метеж низ градот, лежи богата традиција на Скопјаните, како и историја на сите народи кои живееле на овие простори. Од старите занаетчиски дуќани со рачно изработени обувки, облеки, или пак украси, изработки, глинени садови и прибори, до широкиот избор на турски златари, фустани, одела, како и специјалитети кои ги мамат погледите на сите посетители, од баклава и други слатки, до ѓевреци послужени со турски чај или кафе, и вкусни кебапчиња во Дестан или Турист. Но, низ чаршиските улички со калдрма се крие многу повеќе од само овие продавници, ресторани и дуќани, бидејќи тука се сместени бројни џамии, амами и музеји, како Иса Бегова џамија, Даут Пашин Амам, Музејот на Старата Скопска Чаршија, Султан Муратова џамија и други. Сите тие монументи се одличен приказ за отоманската архитектура, кои и ден-денес се сочувани и посетувани, не само од туристи, туку и од локалните жители, бидејќи токму овие простори се користат и за многу културни настани и изложби, концерти и претстави.

Kursumli Ann

Еден од тие монументи е и Куршумли-Ан, домот на фестивалот на креативен документарен филм Македокс, ревии од Скопската недела на модата, Скопската недела на дизајн, и уште многу други бројни изложби и концерти, како и за прослави и свадби. Покрај големото значење за скопскиот културен живот, Куршумли-Ан е всушност, значаен белег на македонската историја во времето на Отоманската империја, кој останува непроменет во својот уникатен дизајн, преубаво дизајнирани зидови и куполи во облик на пирамиди. Во однос на неговото настанување, нема точни податоци, но се претпоставува дека бил направен на основите на некоја стара зграда од страна на Турците, а по некои извори, од дружината на Мула Муследин-хоџа, син на научникот на султанот Селим II. Овој ан од почетокот на своето постоење ја менувал својата функција, односно отпрвин бил ан се до 1787 година кога бил претворен во затвор. Во тој период биле затворени многу македонски револуционери. Но, од 1904-1914 служел повторно како ан. Името се поврзува со оловото(куршум) со кое секогаш биле покриени страните на куполите. Главниот влез се наоѓа на јужната страна, а над влезната врата има трем со куполест покрив. Во внатрешноста на анот има многубројни столбови, како на приземјето така и на катот, што заедно со дворот даваат мистичен амбиент и чувство на антика и беспрекорна архитектура. Приземните простории служеле како магацин на стоки, додека просториите на катот биле соби за одмор. Во другиот дел на анот биле направени простории за сместување на добитокот, а денеска овие простории ги користи Музејот на Македонија.

Токму тој двор секое лето угостува преку 1000 посетители, и е навистина место кое што го препорачуваме доколку сакате да погледнете некоја драмска претстава, галерија на слики или пак изложба на рачни изработки, а и да присуствувате на концерти, литературни читања или интересниот Македокс со гости од целиот свет. Ако не ни верувате нам, тогаш ќе ве убеди наградата за 4то место на листата на најубави кина во светот, што не се класични, туку нудат уникатно искуство и пријатна атмосфера !

kursunlu_han10624915_570598059729394_8761296459625725114_n

Narcissa Dervichevikje

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s