Мај, месец на пролетта, месец на сонцето, насмевките, алергиите.
Скопје во мај изгледа прекрасно, па затоа и ова е совршениот месец за дружење во парк. Па така некаде кон средината на мај, секоја година, се одржува настан посветен на еден од најголемите музички имиња во историјата на музиката- Боб Марли. Во негова чест целиот градски парк е преполн со насмеани и позитивни луѓе, од најрана до најстара возраст.
Започнувајќи од 2003та година, овој настан секоја година привлекува илјадници луѓе од Скопје и од околните градови. Сите ја користат можноста да се напијат ладно пиво, да слушаат музика и да одморат од секојдневието. Се разбира, во чест на Боб Марли музиката која се пушта задолжително е реге музика, а најголем дел од времето се вртат неговите најголеми хитови на кои луѓето пред импровизираната бина на најпрепознатливото место во парк, Школка, играат до доцните часови.
Овој настан покрај илјадниците посетители вклучува и голем број музичари и диџеи. Освен оние добро познатите како Conquering Lion, Geto Rudy ,DJ Charley кои долги години го снабдуваат градот со одлични реге журки, ова е и одлична шанса за младите музичари да се истакнат пред љубителите на реге музиката. Сите изведувачи преку нивната музикаја пренесуваат пораката на Марли до луѓето“Една љубов, едно срце” и на овој ден преовладува позитивна енергија низ градот.
Оваа година по 14ти пат ќе се одржи Bob Marley Day и доколку времето нè послужи добро, ќе се одржи на 14ти мај, на истата локација- Школка, како и наоколу низ целиот градски парк. Настанот ќе се одржува од 12часот па се до 1 часот по полноќ. Ваше е само да одвоите време и да ја понесете вашата насмевка и позитивната енергија и да оставите магијата на реге музиката да ве понесе низ еден незаборавно и позитивно искуство. Уживајте!
Leave a Reply