Култура

Миравци

13210958_1336997026315568_667255808_o

Дали верувате во рај на Земјата? Тогаш треба да го посетите Белиот Рај во Миравци. Миравци е мало село во Гевгелискиот регион, лоцирано кај планината Кожув. Со неговата мала популација од 2900 луѓе, селото си го задржува мирот и бујното зеленило.

Има многу легенди за името и традициите на ова мало село. Некои тврдат дека првобитното име го добило од инвазија на мравки што се случило во минатото. Додека други тврдат дека имињата на Миравци и околните села потекнале од пет браќа кои се доселиле во таа област: Миро, Давид, Петар, Габриел и Миле и ги основале петте села: Миравци, Давидово, Петрово, Габрово и Милетково. Друга карактеристика на Миравци е Ѓура Мара фестивалот кој се одржува секоја година на третиот ден од Велигден. Фестивалот настанал во чест на легендата за младата девојка Мара, која била киднапирана за харемон на Турскиот паша, и храброста на нејзиниот брат кој се обидел да ја спаси. Постарите жени од селото се собираат околу една млада девојка која ја симболизира Мара, и го играат традиционалното Ѓура Мара оро во нејзина слава. Во меѓувреме младите момчиња од селото се обидуваат да влезат во кругот и да ја украдат девојката. Кога некое од младите момчиња ќе се доближи до кругот, постарите жени го бркаат со стапови.

_________________

Но традиционалните богатства не се единственото нешто што го прават ова село богато. Ако барате место каде што може да уживате во природа и да се забавувате, тогаш треба да го посетите Белиот Рај кој е во близина на селото. Карпестиот терен на Стара Река, која поминува низ Белиот Рај, е прекрасна глетка. Многу социјални настани како мото собири се одржуваат на ова место. Но главната причина зошто помладата популација го посетува ова мало село е транс културата. Секое лето, 3 или повеќе транс журки се одржуваат тука и луѓе од цела Македонија се собираат за да се забавуваат и да уживаат во музиката. Ливадите над Стара Река се одлично место за кампување и заради тоа многу луѓе доаѓаат неколку дена пред да започне журката за да си ги наместат шаторите и да уживаат во природната убавина на Белиот Рај.

Миравци е одлично место за релаксација и уживање во природата. Јас би му препорачала на секого да го посети.

13140685_1743209535901751_831212784_n

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s