Предизвик за младите преку младинска работа

Arad-romania-35211517-1600-1067

Од 20-ти до 27-ми април 2016 година, ние успешно го имплементиравме четвртиот модул од нашиот проект “Challenging Youth trough Youth Work!”

, во рамките на Еразмус Плус Програмата на Европската Комисија (во сегментот Capacity Building). После трите модули/тренинг курсеви, низ кои поминаат дваесет млади луѓе од Киргизстан, каде што тие развиваа вештини и се стекнуваа со знаења од областите на раководење со проектен процес, конфликт менаџмент, рециклирање и екологија, застапување и лобирање, методи на неформална едукација, работа во групи, принципи и вредности на младинска работа, креирање младински политики, истражување во заедницата и друго, на ред беше спроведувањето на четвртиот модул, првата од двете планирани студиски посети, која овојпат беше реализирана во Арад, Романија.  DSC_0418

За време на седумдневната студиска посета, младинските лидери/работници ја имаа можноста да посетат младински центри, да разговараат и дебатираат со претставници на младински организации, да имаат средби со официјални лица од локални самоуправи (градови), да дискутираат со младите членови на подмладоците на политичките партии и да се сретнат со многу други важни актери и субјекти од младинската сфера во Романија. Во последните денови на срудиската посета, младинските лидери/работници од Киргизстан започнаа со процесот на развивање на идеи за идни проекти, во рамките на Еразмус Плус Програмата.

Мораме да потенцираме дека зацртаните приоритети за овој четврти модул, како дел од поголемиот проект  “Challenging Youth trough Youth Work!” беа успешно исполнети. Со имплементирањето на овој модул, ние направивме уште еден чекор поблиску кон остварувањето на главната цел на овој проект- креирање на основа за иден развој на младинската работа и креирање на младински политики во Киргизстан.DSC_0410

Ние, исто така, ги најавуваме и следните два модула, кои ќе бидат имплементирани во јули во Македонија (исто така студиска посета) и во септември во Киргизстан ќе имаме завршна конференција, на која што ќе направиме презентација на постигнатите резултати, за време на имплементацијата на сите шест модули кои се дел од овој проект. Мора да ја истакнеме и нашата голема благодарност до нашите партнери YHRG од Бишкек и Ofensiva Tinerilor од Арад, со чија што помош. Експертиза, знаење и искуство успеавме заеднички да ги подготвиме и успешно да ги спроведеме сите планирани проектни активности…

Со нетрпение го очекуваме следниот модул во Македонија…

Erasmus_LOGO (1)

 

 

 

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: