Ред роом Балет

13055195_1335647199795830_4101135699858348125_o

Април е месец на танцот. 29ти Април се одбележува како Светски ден на танцот.

Светскиот ден на танцот е востановен во 1982 година од Меѓународниот совет за танц (International Dance Council-CID) на Интернационалниот театарски институт. Денот е избран по датумот на раѓањето на Жан-Жорж Новер, зачетник на модерниот балет и танцов реформатор. Секоја година на овој ден на сцените низ Светот се читаат национални и меѓународни пораки за танцот.

Тајниот јазик на душата, на сите емоции и јазикот на нашето тело, тоа е танцот. Можеме да ја одиграме тагата, среќата, смеата , да ги одиграме солзите, стравовите,сите наши  надежи.

Играј како никој одстрана да не те гледа, ќе кажат. Тоа кажува за слободата на умот, слободното  раѓање на секој здив и секоја положба, раѓањето на имагинацијата преточена во танцот како начин на изразување.

Танцот, тоа е движењето на љубовта,  движењето на правдата, движењето на вистината.

Македонската опера и балет по повод Светскиот ден на Танцот (29 април), на 27 април, ја изведе премиерата на балетската претстава „Црвената соба“.Во кореографија на Игор Киров„Црвената соба“, е модерен балет работен според Шубертовиот квартет бр. 14,музика попозната како „Смртта на девојката“. Либретото е  на Сашо Димоски, базирано на „Смртта на девојката“.

Кореографот Киров црвената боја ја доживува како боја со два лика;боја на љубовта и боја на смртта, на крвта. Во либретото крвта е направена како асоцијација за смртта, но на сцената нема  крв. А во Шубертовото дело пак, црвена соба асоцира на пеколот. Кога помислуваме на пекол пред очите ни е црвената боја. Никој не го замислува пеколот во бела боја, изјави Киров во најавата на премиерата.

13072710_1335647276462489_3552839377982890351_o                                   13082725_1335647209795829_1035355985628565245_n

Смртта, која копнее по љубов и единство доаѓа меѓу луѓето и се заљубува во Пророкот, па оттргнувајќи го од сите негови земски врски, го носи во светот на Подземјето, светот на Црвената соба. Оваа иницијација на Пророкот има двоен фабуларен тек: во неговата потрага и во обид да го врати назад во земскиот свет, Девојката започнува свое иницијациско патување. Во подземјето, таа успева повторно да ја придобие љубовта на Пророкот и заедно да се вратат меѓу видливиот свет, а Смртта останува сама да копнее по своето единство, опкружена со самотијата и познатоста на сопствениот свет. Покрај оваа тријада, останатите актери во либретото се претставени пред публиката преку состојби и чувства, а не преку именувани ликови, кои се контастно поставени – земското наспроти подземското.Сета оваа асоицјација и емоциите преку многу чекори, многу енергија и со музика отсвирена во живо од гудачки квартет беспрекорно добро ни ја пренесоа првенците на  македонскиот балет: Александра Мијалкова – Смрт, Василиј Чичијашвили – Пророк, Мими Поп Алексова-Атанасовска – Девојка, Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски – Свитата на Смртта, и останатите солисти Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Јан Кисилиев, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии.

13115978_1335647259795824_2107973256446578906_o

Современиот балет „Црвената соба“ е уште еден доказ за живоста и потенцијалот на македонската уметничка сцена.  Можноста да се погледне овој балет не смее да се пропушти, а во знакот, како на танцот, така и на оперските класици, детските балетски претстави и гала концерти, е и целиот месец Мај, месецот на Мајските оперски вечери и богатиот репертоар на Македонската опера и балет.

13102707_10154887623063009_4508277319308254088_n

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: