Интервју

„Студент ФМ 92,9“ РАДИО

26744_402389538948_5796857_n

„Студент ФМ 92,9“ РАДИО

“На студентите би им препорачале да не ги испуштат шансите за волонтирање. И секогаш цврсто да се држат до она во што веруваат,бидејќи младите се тие чии ставови и интереси ја обликуваат иднината која ни претстои.”

ВЦС:Кога и како потекна идеjата за ,,Студент ФМ 92,9”?

,,Студент ФМ 92,9”:Замислата за создавање на Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9“ потекнува од самиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“,кој како високо образовна институција се грижи за практичните знаења и искуства на своите студенти.

Ние сме дел од пошироката екипа која работеше во возобновениот „Студент ФМ“, кој започна со работа официјално во 2010 година.

ВЦС: Зошто баш ,,Студент ФМ 92,9” која е главната цел и целната публика на  вашето радио?

Универзитетското радио „Студент ФМ 92,9“ е создадено со цел студентите на новинарство на самиот почеток од блиску да се запознаат со предизвиците кои ги носи оваа професија.

Во „Студент ФМ 92,9“ се добредојдени сите оние студенти кои гласно сакаат да го кажат своето мислење, а се разбира во овој изминат период имаме соработка и со студентите од техничките факултети кои можат да се вклучат во реализацијата на техничкиот дел. „Студент ФМ 92,9“ е отворен и е замислен како медиум за сите студенти на УКИМ.

11141365_10154202827613949_1273202934409883077_n

ВЦС: Кој стои зад микрофонот и чии гласови може да ги  слушнеме  на ,,СТУДЕНТ ФМ 92,9”?

„Студент ФМ 92,9“: Во моментов стандардната екипа на Универзитетското радио ,,Студент ФМ 92,9” ја сочинуваат: Христина Ѓорѓиевска, Игор Смилевски, Николина Славковска и Ангела Веселиновска. За техничката реализација се задолжени: Ана Петровиќ и Дамјан Ѓорѓиев. Покрај стандардниот тим, во етерот може да ги слушнете претежно гласовите на студентите на новинарските студии, но и на студенти од други факултети кои имаат желба да зборуваат за теми кои можат да вклопат во рамките на емисиите кои се дел од програмската шема на радиото.

ВЦС: Што им нуди на младите ,,СТУДЕНТ ФМ 92,9”?

„Студент ФМ 92,9“: Нудиме информации од повеќе области, за кои сметаме дека се актуелни и интересни за студентите.

Во областа на култура ги имаме емисиите: „Кул-тура“, „Арт клуб“ и „Звуци на денешницата“ кои се посветени на уметноста и збиднувањата од сферата на културата и вклучуваат разговори со нашите уметници.

Од областа на образованието ги имаме: „Едукатива“, „Вести од УКИМ“, „Индекс од УКИМ“, „Биди подобар“. Во дел од нив студентите можат да се информираат за случувањата на факултетите кои се дел од Универзитетот.Исто така, останатите содржини на овие емисии се однесуваат на практични совети за тоа како полесно да се справат со предизвиците и обврските кои произлегуваат во текот на студирањето.

Во сферата на спортот ја имаме емисија „Шампион“, која ги опфаќа актуелните спортски случувања, врши преглед на натпреварите и збиднувањата во сферата на спортот во текот на неделата.

Тука е емисијата „Наука“ од која слушателите се запознаваат со најновите научни откритија и достигнувања.

„Академски четврт“ е емисија во која гостуваат претставници од студентските организации, кои имаат можност да зборуваат за нивните тековни активности.

„Сакам да бидам“ / „Студентски погледи“ се две емисии во кои се емитуваат теми кои се разработени од страна на студентите по новинарство.

И се разбира, на крај да ги споменеме и двете емисии за чија реализација се грижи целиот тим на радиото. Тоа е претпладневната емисија„Разбуди се“, која се емитува девет месеци во годината од девет до 11 часот. А како нејзина замена во летниот период ја имаме емисијата „Разлади се“ од 18 до 20 часот.

Ова се емисиите кои во моментов може да се слушаат на фреквенцијата 92,9 FM. Но, тимот на „Студент ФМ“ во блиска иднина работи на тоа да ја збогати и прошири понудата на програмата со нови и интересни емисии и информации.

DSC00207

ВЦС: Доколку има некои млади заинтересирани кои сакаат да застанат зад радискиот микрофон на кој начин можат да се приклучат?

„Студент ФМ 92,9“: Сите студенти кои сакаат да се вклучат и да придонесат за функционирањето на овој медиум, својата желба и идеја може да ја достават до сегашниот тим на радиото на повеќе начини. Може да ни пишат на мејл адресата:studentfm92.9@gmail.com,  на официјалната фејсбук страница: Студент FM 92.9 – Универзитетско радио. Или пак, да ни се јават на телефонските броеви: 02 3222 – 907 и 2 3222 – 909.

Оние коишто сакаат лично да ни се обратат и да го посетат нашиот медиум можат да дојдат во нашите простории на булевар „ТеодосијГологанов“, број 28 – Скопје.

 

ВЦС:Кој е вашиот став за волонтерството? Дали сте волонтирале до сега и какво е вашето искуство?

„Студент ФМ 92,9“: На почетокот, сите од сегашните членови на „Студент ФМ 92,9“ започнавме како волонтери, бидејќи кај секој од нас постоеше желба подлабоко да се навлезе во професијата и она што теоретски го учевме на факултет да го примениме во практика.

Како совет за студентите, кои се на самиот почеток од својата професија, можеме да кажеме дека волонтерството е можност којашто не треба да се одбива и потценува,бидејќи како и да се погледне, секогаш е во корист за она што во иднина ќе го работат.

Самото искуство што ќе се стекне во тој процес на волонтирање е богатство, кое придонесува студентите да се справат со сите професионални предизвици кои им претстојат во иднина.

DSC00212

ВЦС: Некои незаборавни емисии кои ке ви останат долго време запамтени?

„Студент ФМ 92,9“: Секогаш забавни за нас се новогодишните емисии кои ни овозможуваат дружба меѓу целата екипа и сите претходни соработници кои придонеле и биле дел од ова радио. Станува збор за неформални емисии, во коишто секој од присутните го кажува своето мислења за одредени теми кои ја одбележале изминатата година.

Но, сепак да не ги заборавиме емисии кои во текот на целата година се емитуваат на фреквенцијата 92,9. Досега имаме реализирано голем број интервјуа и разговори со интересни и инспиративни гости, како: Слободан Унковски, Александар Поповски, Златко Ориѓански, Томислав Кежаровски, Да Џака Накот, Грин Аут, Тони Зен, Фулиш Грин, Горан Трајковски, Милка Ефтимова, Дејан Лилиќ, Љубојна, Верка, Зад Аголот, Конкеринг Лајн, Викторија Лоба и многу други, кои се надеваме дека нема да ни замерат што не ги споменавме.

ВЦС:  Кои се идните планови и цели на„Студент ФМ 92,9“ ?

„Студент ФМ 92,9“:  Имаме намера и цел да вклучиме што е можно поголем број студенти, бидејќи сме сигурни дека младите имаат свои идеи и мислења кои би донеле свежина во етерот.Тимот на „Студент ФМ 92,9“  и понатаму ќе продолжи да функционира и работи.Се надеваме дека во иднина нашата програма ќе привлече уште поголем број слободоумни и храбри слушател(к)и, а на тој начин би придонеле за подобрување на сите сфери во општеството.

 DSC00212

ВЦС: Ви благодариме што одвоивте од вашето драгоцено време и да ни ја споделите приказната за „Студент ФМ 92,9“ Радио.

„Студент ФМ 92,9“: Ви благодариме за поканата и можноста да бидеме дел од Вашиот ВОИЦЕС магазин,кое, исто така, како и нашиот медиум има за цел да ги поттикне младите луѓе.

Се надеваме на понатамошна соработка.

DSC00216

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s