Нов јавен простор во Скопје е отворен. Името му е едноставно „Јавна соба“.
Дури и пред да биде отворен имав навика тука да се шетам и да ѝ се восхитувам на локацијата и необичната фасада. Не е тајна дека повеќето јавни простори и културни институции во Скопје шират недоверба и раздор. Ова не е случај со „Јавна соба“. Во врска со ова и многу други нешта односно местово зборував со неговиот менаџер Тамара Георгиевска.
Таа ми кажа дека ова било коњушница, која е изградена некаде пред 70 години. 35 години по изградбата местово било превземено од армијата и трансформирано во воен магацин. Дел од нивниот тим кој расте се: дизајн-менаџер, продукт-дизајнер, графички дизајнер… Осмислувањето и конципирањето на просторот се изродило од детектираните проблеми на вљубениците во дизајнот и културата и од сите оние кои сакале да квалитетно да поминат некое време низ создавање нови нешта и вмрежување. Во нивниот тим имаат луѓе кои се образувани во странство (за што можам да кажам дека е очигледно во позитивна смисла). Тамара истотака ми кажа дека снабдувањето со сите неопходни документи и дозволи одземало многу од нивното време, но наместо на ова они се обиделе да се фокусираат на нивната цел, нивната идеја и нивно што поквалитетно реализирање. Стафот од „Јавна соба“ истотака се обидел да ги одбегне грешките кои другите вакви институции во Македонија ги направија, како например возрасното ограничување. Така посетителите тука се од сите возрасни групи што е постигнато низ програмата која ја креирале; а пак различните возрасти во нивниот тим ги збогатуваат со различни искуства и капацитети и како група ги прават поподготвени да ги исполнат предизвиците со кои се соочуваат секојдневно додека работат.
Освен акривностите кои веќе ги направиле – како уметнички изложби, модни шоуа, работилници – наскоро планираат да се орјентираат кон еден различен вид на уметност: кулинарството; прво со храната која ја нудат во нивниот простор, потоа со кулинарските работилници и вежбите со дизајнот на храна во нивната „Слава соба“ и најпосле низ Институтот за Кулинарски Специјалитети кој планираат да го активираат во поткровјето на нивниот нов дом.
Истотака до сега имаат и искуство со волонтирањето. На пр. „Јавна соба“ е организатор на фестивалот „Скопска недела на дизајнот“кој секоја година соработува со волонтерите кои помагаат сè да оди според планот. Низ нивната организација и низ другите организации тие можеле да забележат дека во Македонија постои култура за волонтирање. Не се сосема сигурни кои се стандардите за ова, но мислат дека ова може да биде подобрено само низ примери кои покажуваат колку многу за младите луѓе се важни ваквите искуства.
Leave a Reply