Животен стил

Зумба -Начин на живот

zumba

Зумба фитнес е досега најголемото светско движење во групата на вежбањето како и најуспешниот бренд ,

всушност тоа е сериозен кардио-фитнес програма врз основа на латино американски танци. Фитнес програмата позната како зумба се вели дека запчнала да функционира како грашка од страна на колумбискиот фитнес тренер Алберто “Бето” Перез. Еден ден , во средината на 90-тите години, Бето,заборавил да ја понесе со себе стандардната музичка лента и да го одржи часот.Без музика часот е назамислив да се одржи , па така во моментот случајно ја пуштил лентата со латино диско музика.Кога забележал дека членовите со воодушевување го прифатиле овој вид на важбање,сфатил дека мешавината од  од класичните движења и латино чекорите се навистина добитна комбинација за успешно и забавно вежбање.Како жив ритам на меренге и румба,Бето привлече внимание со своето искуству за танцување во спортските клубови како и подготвување на кореографии за локалните уметници. Со своите хитови,забави  и успех во својата кариера претприемачите го забележале брендот и придонеле за негово развивање како и ребрендирање во  “Zumba ” и го трансформира во глобална франшиза. Зумба фитнес претставува програма за аеробик вежби каде што се вклучени елементи на танцување, т.е комбинира основни чекори од танците кои се применуваат на латино и интернационална музика со цел да се направи вежбањето забавно. Музиката е клучната состојка на Зумба часовите. Кореографијата креирана со специфични тактови и смени на темпото, транзиции на вежбањето од едно во друго движење вклучувајќи тонирање, зацврстување или кардио движење, целат кон секоја мускулна група во телото.Вежбањето цело време го прати брза музика која го подобрува расположението, а додека пак забавата е гарантирана. Зумбата позајмува латино вкусови од следните стилови на танцување: Cumbia, Salsa, Merengue, Mambo, Flamenco, Chachacha, Reggaeton, Samba, Belly Dance, Hip Hop, Tango и многу други. Зумбата всушност се нарекува и интервален тренинг, односно опфаѓа промена на наизменични ритами во рок од само пет минути како што се салса, хип-хоп, ча-ча, а дури и стомачен танц. Еден зумба час може да трае 30 минути, 45 минути или час. Најчесто се користи моделот кој трае еден час, а тука се комбинираат и останатите танци како што се тангото, калипсо, ламбада, твист и други.

zumba4

Како јадро, Зумба часовите се наменети за да се обезбеди поголемо согорување на калории  преку аеробик активности кои се направени во интервали .Во зависност од телесната тежина,пол, фитнес ниво и други заеднички физички фактори бројот на согорување на калории ке бидат во типичен зумба час кој ке биде еднаква на оној број на калории како кај брзото танцување салса или диско.За повекето луге,просечно се согоруваат од 400 до 600 калории за час, со одредени класи на кореографија се обезбедува интервали на интензитет, темпото на музиката и типот на движењето.потрошувачката на енергија е максимизирана за членовите на групата.Фитнес движењата се исто така вклучени во рамките на зумба каде што воедно се учи час танц и фитнес час.Настрана од придобивките за здравјето на срцето, зумба обезбедува тренинг за целото тело. Зумбата помага и при тонирањето на мускулите на целото тело без да се почувствува болка. Зумбата како дисциплини во вежбањето пред се користат на забавен начин да се добива одредена придобивка во зависност од програмата која се применува. Секоја од понудените програми си има свои предности кои директно се поврзани со желбите на вежбачите.

Вежбањето во целина служи за подобрување на аеробните способности, корекција на деформитети, топење на масти, тонизирање на мускули, правилно држење на телото, стимулира одредени или цели системи во телото итн. Сепак за одржување на правилен баланс во телото, голем фактор е исхраната, и токму поради тоа истата не смее да се занемарува. Секако, покрај вежбањето потребен е и правилен начин на исхрана. Таа е составен дел во остварувањето и полесно постигнување на одредената цел.

Зумба е тренд во сите земји, со програма која ги прави својот пат до срцата и животот на многумина кои бараат духовно, психолошко и физичко здравје.Со био-психолошкиот моделпомага да се објаснат здравјето, биолошките и социјалните фактори.Зумба фитнес влијае позитивно на физичкотои и менталното здравје на луѓето, преку менаџирање со стресот,каде се проследува со добра кондиција и подобрување на самодовербата. Зумба тренингот е совршен за ослободување од стресот кој се акомулира во текот на денот.Оптимистичките движењасе специфични за овој тип на тренинг кои се од корист за ослободување на ендрофинот и подобрување на расположението. Може да се поставуваат безброј прашања а може и да се пронајде одговорот ако за тоа му се даде посебно внимание како еден од главните поттикнувачи и помагачи при вежбањето.

zumba3

Како што секоја од понудените програми на аеробикот има своја придобивка и предности така и секоја храна има свое значење, придобивка и предност во целукопната реализација на замисленото.

Се покажало дека Зумбата на посебен и чудесен начин позитивно влијае врз вежбачите. Бенефити од Зумбата ги има многу.Покрај согоорување на калориите со правилен начин на на исхрана и вежбање зумба, крвниот притисок со сигурност се намалува. Ова е многу важна придобивка, особено за оние кои имаат проблеми со високиот крвен притисок.Покрај добивањето чувство на среќа и задоволство за време на вежбањето ,не се чувствува интензивното вежбање со кое се доаѓа до губење ма масните наслаги и обликување на телото. Здравата исхрана, физичката активност, редовниот сон како и дружењето со позитивните луѓе е докажана формула за добар живот.

 

Елена Делова

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s