Македонски

Исланд – земја на џуџињата и гејзерите

DSCN2292

За многумина, Исланд е асоцијација на популарната серија „Игри на престолот“ бидејќи многу сцени биле снимени во оваа земја. За некои, ова е изолирана нација среде океан која изобилува со вулкани и топли извори. За повеќето од Исланѓаните, нивната земја е дом на џуџиња и тролови.

DSCN1778DSCN2075

Верувале или не, 37% од жителите на Исланд веруваат дека џуџињата веројатно постојат, 17% сметаат дека многу веројатно постојат, а 8% сметаат дека дефинитивно постојат. Само 13% сметаат дека тие сигурно не постојат, а 19% сметаат дека веројатно не постојат. Можеби затоа не е чудно што во главниот град, Рејкјавик, на крајот на мај беа отворени дури две божиќни продавници. Во едната од нив може дури да се испраќаат писма до Дедо Мраз.

DSCN1825

Во оваа необична земја куќите се во различни бои и големини, а локалите имаат креативни излози и интересни слогани. Таму нема загаден воздух, но има многу природа. Исланд е единствената земја која произведува само обновлива енергија. Исланд е и најретко населената земја во светот. Целата држава има само 300.000 жители, од кои повеќе од една третина живеат во Рејкјавик.

DSCN2085DSCN2269

Интересен дел од исландската кујна се ајкулата и китот. Младите не ги сакаат овие специјалитети, но постарите луѓе ги јадат. Она што е специфично во врска со оваа храна е тоа што ајкулата се јаде откако ќе скапе. Ајкулата се подготвува со процес на ферментација и се остава да виси 4-5 месеци. Мирисот на ајкулата потсетува на оној на амонијак, што ја прави одбивна за многумина.

DSCN1796

На Исланд има природа каква што не може да се најде никаде во светот. Гејзерите, топлите реки и извори и црните плажи се навистина уникатни. На Исланд може да се видат дури и глечери, како и многу вулкани.

DSCN2242

Конечно, денот и ноќта имаат поинакво значење во однос на остатокот од светот. Поради местоположбата, на Исланд се разденува на кратко во текот на зимата и не се стемнува во текот на летото. Доколку планирате пат во Исланд налето, одете на плажа по полноќ.

DSCN2238                                                      DSCN2287                 DSCN2411

     DSCN2398

Драгана Петрушевска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s