Македонски

Македонски Модел Обединети Нации 2016

         13325470_10154339146144925_7754107722952298418_n   

Вие мора да го преземете лидерството на утрешнината.
За тоа да биде возможно  Вие мора да ги зајакнете Вашите капацитети,
да ја проширите Вашата визија како глобални граѓани“

Генералниот Секретар на ОН Бан Ки-Мун

 

12871441_10154339144244925_4800714115891380116_n13256302_10154334385339925_3516641908363221672_n

Петта година по ред во Македонија се спроведе програмата Македонски Модел на Обединети Нации во имплементација на Коалиција на младински организации СЕГА заедно со Волонтерите од Мировниот Корпус во Македонија.

Програма Модел на Обединети Нации има за цел како да им се претстави работата на Обединетите Нации и можност младите да ги зајакнат своите капацитети за застапување, лобирање, преговарање, дипломатија, разрешување на конфликити, јавоно говорење и пишување.Програмата вклучи млади луѓе од 16 до 29години кои имаат амбиција да бидат дел од демократските процеси, меѓународните соработки, разрешување на глобалните прашања и застапувања и лобирање за разрешување на глобалните ситуации и прашања.

13266045_10208782604979597_8803279403572718036_n13310405_10154334526634925_3517606152819299872_n

Годишната Конференција на Модел на Обединети Нации Макеоднија 2016 се одржа на 28 Мај 2016година во просториите на ФОН Универзитет во Скопје. На конференцијата се оценуваше познавањето на темата, земјата која се преставува и организацијата на Обединетите Нации, вештините и способностите за дебата и јавното говорење, но и начинот на облекување и односот спрема другите учесници. Секој делегат имаше можност да  дебатира на две теми. Имавме навистина извонредни дебати и откривме многу ангажирани млади луѓе, кои знаат да бидат одлични оратори. ММОН Конференцијата и оваа година имаше регионален карактер , на истата учествуваа 150 млади од Македонија и 10 млади од Косово.

13330991_10154339133724925_4416992236834138775_n

Во улога на делегати ги застапуваа ставовите на 15 земји членки на ОН во 8 различни тела/комитети  на Обединетите Нации и имаа задача да дебатираат на реалните и тековни  светски теми, од намалување на сиромаштијата, бегалската криза, деца во вооружени конфликти, детски бракови, економска глобализација, вработување,  одржување на меѓународниот мир и безбедност, и мерки за борба против тероризмот.
На Конференција се симулираше работата на 8 различни тела на Обединетите Нации во меѓу кои  Советот за Безбедност, Економскиот и Социјален Совет, УНИЦЕФ, УНДП ,УНХЦР,.

Најдобрите делегати на затворањето на Конференцијата беа наградени со сертификат за Најдобар Делегат на комитетот/советот во тој делегат ја претставувал својата држава.

13263819_10208782603699565_5329163195790735084_n13339726_10208782606099625_5984686576302043573_n

Енергијата и атмосферата која циркулираше во текот на целодневниот настан. беше толку позитивна и мотивирачка во иднина да се продолжи со истото темпо да се имплементира оваа програма и да се вклучат што е можно повеќе млади луѓе од Македонија и регионот. Досега во овие пет години на спроведување на програмата учествувале повеќе од 900 млади луѓе од цела Македонија.

13315385_10154339147004925_6028715782613392123_n

Македонскиот Модел на Обединети Нации претставува академска симулација на работата Обединетите Нации преку своите земји членки, во Генералното собрание на ОН, Советот за безбедност, Економскиот и социјален совет, УНЕСКО, УНИЦЕФ, ФАО, Комитетот за разоружување и Меѓународна безбедност и Секретаријатот на ОН.

13344522_10154339134684925_1104992816921413736_n13344559_10154339137559925_4410580954839995513_n

Вакви Конференции се организираат во најголемиот број на земји членки на ОН, со цел младите луѓе да се запознаат со работата на Обединетите Нации преку практикување на моделот на ОН

13315569_10208782607819668_8752130356053002684_n13335887_10208782601819518_6307081562179174142_n13267818_10154334387364925_903570612746318950_n

„Ова е можност за развивање и практична примена на вештините за преговарање, дипломатско однесување и меѓународни партнерства.“

Сара Вуд, Директор за програмирање и тренинг на Мировниот Корпус во Македонија

13254497_10208782608939696_3089887430345578363_n13331170_10154339133709925_1717056383728047316_n

Автор : Ивана Анѓеловска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s