Култура

„СКОПСКО ЛЕТО“

На Скопје во лето ме потсетуваат липите. Скопските липи и нивниот мирис додека цветаат. На скопско лето потсетува кејот на Вардар долж градот.

На патот од тивките во лето Маџар Маало и Пајко Маало до зеленото Дебар Маало, некаде помеѓу, тука на средина, во Стара Чаршија на лето не гали скопското ветре и мириса турскиот чај.

Во срцето на Скопје, штом доаѓа летото, тогаш ширум се отвораат и портите на скопските галерии, предворја, старите чаршиски амами. Со мирисот на липите, јуни ни го и носи Скопското лето.

Под покровителство на Градот Скопје и Министерството за култура на Република Македонија, традиционално се одржува фестивалот „Скопско Лето“. На различни сцени и отворени локации во градот, „Скопско Лето“ ни нуди класични и џез звуци, многу драмски,  оперски и балетски претстави, изложби, филмски проекции.

images

Со Гала оперски концерт на солистите и оркестарот на Македонската опера и балет, на 21 јуни во 21 часот на плоштадот Мајка Тереза на платото пред МОБ, свечено започна Скопско Лето 2016.

Го паметам моето прво „Скопско Лето“. Го паметам ланското. Колку летни ноќи по ред ни понуди уживања, уметност, креативност. Никогаш нема да ја заборавам изведбата на балетот „Заспаните убавици“, на ланското „Скопско Лето“ во изведба на македонските балетски солисти и ансамбл, а сценски осмислено од македонската кореографка Саша Ефтимова.

Уште одекнуваат звуците на фантастичната и раскошна музика на Вагнер, на Бах. Ја паметам приказната за младоста, страста, животот, сеќавањата.

sl 2016

Која приказна овој пат ќе ја напише Скопското лето ?

Анушка Цветковска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s