Во 21-от век најголемиот проблем со кој се соочуваме е загадувањето, отпадот, климатските промени, сиромашни предели во светот каде луѓето немаат пристап ни до основните компоненти за здрав живот како чиста вода. Сето ова е поради луѓе кои не се однесуваат одржливо, луѓе кои земаат многу повеќеод природата отколку што природата може да даде. Едниствениот начин како ние можеме да станеме по свесни и да почнеме повеќе одржливи акции е ЕДУКАЦИЈА. Едукацијата отсекогаш била коренот за се, дури и за нашите размислувања и се разбира нашите акции во светот.
Затоа целта на овој тренинг курс беше едукација на учесниците во насока на одржлив развој. Имаше повеќе од 20 учесници од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Португалија и Романија. Сите овие млади луѓе беа собрани заедно од различни места но со иста цел- да научиме нешто повеќе за одржливиот развој и да ги смениме нашите реалности. За време на овие 9 дена ние имавме многу заеднички активности. Имавме предавања, работилници, долги прошетки, спортски активности и најважно од се забава. Главен фактор беше неформалното образование кое го добивме и преку возбудливи и интересни сесии секој од нас почна да размислува за светот во кој живееме. Ние всушност дознавме дека сите имаме слични проблеми во околината и дека можеме да направиме нешто во врска со овие проблеми и дека заедно можеме да направиме таа промена да се случи. На крајот одлучивме да направиме видеа и да ги промовираме се со цел да се зголеми нивото на свесност на луѓето за тоа што може да и се случи на Земјата ако само продолжиме да земаме од природните ресурси на Земјата.
Ние имавме преубави 9 дена во Рудник. Сеште можам да го почуствувам чистиот воздух за време на прошетките во планината, возбудата додека се подготвуваме за забавите и задоволството да бидеме таму во група на активни отворени луѓе кои го споделуваа нивното мислење. Би им препорачале на сите барем еднаш да искусат еден Тренинг курс за да ја почуствуваат таа конекција и уживање.
Frosina Trajkovska
Leave a Reply