ВЦС: Што ве поттикна да се пријавите и да станете дел од Spase Apps натпреварот на НАСА?
Тимот АВИС: Нашата желба за решавање на проблеми а воедно и добрата атмосфера во тимот беше главното нешто што не натера да одиме на хакатонот. А секако, кој не би сакал да и помага на НАСА во решавање на проблеми.
ВЦС: Како дојдовте до идејата да направите фитнес алка која што може да управува со дрон?
Тимот АВИС: Најпрвин сакавме да правиме апликација која беше тема на еден друг предизвик, но потоа сакајќи да направиме нешто по “опипливо” решивме да одиме со комбинација од хардвер и софтвер.
ВЦС: Колку време ви беше потребно за да ја обмислите идејата и да ја остварите?
Тимот АВИС: Се се случуваше во зададениот термин од 48 часа според правилникот на хакатонот. Сепак треба да се работи под притисок и брзо да се размислува.
ВЦС:Како всушност функционира таа алка ?
Тимот АВИС: Алката не функционира толку просто. Во кратки црти, користиме Bluetooth комуникација помеѓу фитнес алка и мобилен телефон а дронот е поврзан преку Wi-fi со телефонот. Следиме одредени комуникациски протоколи и со помош на жироскопот кој е во алката, математички според закривеноста ја одредуваме патеката на дронот.
ВЦС: Какво беше чувството да бидете дел од првите 5 во потесниот круг, а воедно и единствениот македонски тим кој стигнал толку далеку?
Тимот АВИС: Се чувстувавме горди бидејќи нашиот труд се вреднува и напорната работа и интересна идеја е вредна и за инженери од НАСА, а и за обичните луѓе.
ВЦС: Што за вас претставуваше да се биде дел од нешто толку големо и значајно?
Тимот АВИС: Беше огромно искуство и како доста млад тим, се надевам ова ќе е само почеток за нас и поттик за понатамошно развивање на други проекти.
ВЦС: Кои беа вашите очекувања ?
Тимот АВИС: Откако ја комплетиравме во целост страната за нашиот проект, со сите информации видеа и детали бевме прилично уверени дека можеме да стигнеме далеку.
Не бевме изненадени туку верувавме во својата идеја.
ВЦС: Кои се вашите планови за понатаму ? Како планирате да ја искористите вашата идеа во иднина?
Тимот АВИС: Планираме и понатаму да се развиваме како тим, со други проекти, а исто така и развивање на проектот со алката е опција за нас.
ВЦС:Дали можеби еден ден се гледате себеси како дел од тимот на НАСА?
Тимот АВИС: Денес светот е преполн со можности за сите оние што се спремни да ги искористат. Премногу е рано да се каже, но секако таква можност постои.
Leave a Reply