Баскерфест

уличен театар под отворено небо


Фестивалоткој што владее со плоштадите ова лето во Скопје и пошироко во Македонија. Баскерфест е еден од нај убавите настани што се случуваат во Македонија затоа што се овозмоува на секој поединец длабоко да нурне во океанот на културата и да се пронајде себе си. Многу инспирации и средби се родени на тротоарите и скопските улици во изминатите години благодарејќи на овој фестивал. Овде секој може да го задоволи својот вкус поради големата разноликост на сите изведби и уметници коинастапуваат.Има жонглери, магионичари, мимичари,кловнови, брејк-денсери, акробати, и многу други улични изведувачи пропратени со многу танц и музика.

1bas

Самите изведувачи се присутни долго време во градот па многу често луѓето лично се запознаваат со нив и учат за животниот стил на овие луѓе. Самите уметници по природа се отворени луѓе кои пленат со позитивна енергија која магично ја пренесуваат на секој случаен минувач.Тие секогаш возбудливо раскажуваат за нивниот пат околу светот, и прекрасните искуства кои ги доживеале. По самите изведби, најголем дел од изведувачите може да се сретнат по градските локали каде што повторно настапуваат со некоја точка или едноставно со своето присуство го исполнуваат вниманието на присутните.

p1

По завршувањето на фестивалот тие продолжуваат да патуваат низ светот забавувајќи ги луѓето од градовите низ кои минуваат. Во разговорите со овие уметници се насетува љубовта кон луѓето и желбата да се пренесе среќата на сите кои ги гледаат.Убавината во уличното настапување е што многу често, дел од гледачите директно се вклучени во изведбата од страна на уметникот. Нема поубав момент од насмеаните лица и радоста на децата набљудувајки и учествувајки во изведбата.

2bas

Фестивалот е организиран од здружението на граѓани Уан Веј во партнерство со организацијата Темов предводена од познатиот македонски уметник Пане Темов кој и самиот е познат по своите улични настапи. Баскерфест се одржува по 11 пат во Македонија. Започна на 10 Јуни во Скопје и траешесе до 13 јулипосетувајки повеќе градови во државата,така што шанса да гледаат изведби ја имаа и луѓето во помалите градови во државата. Настапуваа повеќеод 140 артисти од целиот света беа посетени од илјадници посетители ширум Македонија.

  3bas

Автор : Драган Миланов

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: