Култура

Гола месечина

Јуни е месецот на летото. Месецот кога завршува театарската сезона, но сепак не завршуваат тука театарските претстави. Оваа година по трети пат се одржа театарот на отворено, односно меѓународниот фестивал на комедија наречен „Гола Месечина“ организиран од националната установа Театар Комедија во соработка и финансиски подржан од странана Општина Аеродром и Министерството за Култура.

Седиштето на театарот на отворено како и секоја година имаше различна локација, па така овој пат се одржа на игралиштето наСпортскиот центар „Ново Лисиче“. Фестивалот трае 9 дена, од 20 до 29 јуни. Сите претстави на овој фестивал се секогаш бесплатни и започнуваат во 21 часот.

Карактерот на Гола Месечина е натпреварувачки со три члена жири комисија и на него може да учестуваат како домашни, така и интернационални комедии. Се доделуваат четири парични награди за најдобра режија, најдобра машка улога, најдобра женска улога, како и гран при за најдобра претстава. Идејата на овој вид фестивал се родила во 2013 кога Театар комедија заедно со Македонскиот народен театар и Драмскиот театар учествувале на Културното лето на Општина Аеродром под мотото „Аеродром се смее“. Одзивот за претставите бил одличен и се барало столче плус, па така се родила соработката помеѓу Општина аеродром и Театар Комедија и веќе во 2014 година се одржува првото издание на интернационалниот фестивал „Гола Месечина“.

pi1

Наградата за најдобра претстава на првото издание ја доби претставата Без паника“, во продукција на Народниот театар од Битола. Наградата за најдобра режија ја доби Синиша Евтимов за претставата Сомнително лице во продукција на Македонскиот народен театар. Наградата за најдобра машка улога ја доби актерот Зоран Љутков за ликот на Цанде во претставата „Солунски патрдии“ во продукција на Драмски театар Скопје. Наградата за најдобра женска улога ја доби Елвира Аљукиќ за улогата на Анѓа во претставата „Хамлет од Долна Мрдуша“, во продукција на Народниот театар од Тузла.

Втората година наградата за најдобра машка улога ја доби Рубенс Муратовски за улогата Мартин во претставата „Чолак“ од Мартин Мекдонах, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Драмски Театар – Скопје. За најдобра режија се наградува Адмир Гламочак за претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на „Алт Театар“ од Сараево, Република Босна и Херцеговина.

Со Гран-при се наградува претставата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стефан Синклер, во продукција на „Алт Театар“ од Сараево, Република Босна и Херцеговина за убедливо најдобра претстава на фестивалот која што со огромно задоволство и овации беше дочекана од страна на публиката.

pi2

Годинава фестивалот започна на 20 јуни и се одржаа вкупно 8 претстави и тоа:

Со претставата „Автобусот“ на театарот „Алеко Константинов“ од Софија од Станислав Стратиев во режија на Здравко Митков се отвори овогодинешниот фестивал. Во неа се раскажува приказната на деветмина патници кои се возат во градскиот автобусот кој одеднаш скршнува од својата рута. Така патниците во автобусот сфаќаат дека нема да стигнат на посакуваната дестинација и помеѓу нив се раѓа паника. Оваа претстава е напишана во 1980 година.

pi3

На 21 јуни гостуваше Народниот театар Сараево со претставата „Балкански шпион воСараево“од Душан Ковачевиќ во режија на Сулејман Купусовиќ. Оваа претстава е еднаод првите комедии на овој автор. Приказната ја прикажува сатиричната фарса заедно со примеси на политичката драма. Главното дејствие се одвива околу Сабахудин Чворовиќ кој воедно е и главниот лик на оваа претстава. Тој живее и делува според својот принцип кој му вели дека се е спротивно од тоа што изгледа. Драмата се состои од два чина, а во дејствието се одвиваат пет дена во семејната куќа на Чворовиќ.

pi4

Потоа следуваше театарската претстава „Елинг“ на Белградскиот драмски театар. „Елинг“ всушност е норвешки филм, кој во 2002 година бил кандидиран за Оскар. Се работи за човечка приказна со елементи на црна комедија, која дошла и на театарската сцена. Театарската адаптација на филмот „Елинг“ својата премиера ја имала во Буш театарот во Лондон во 2007 година. Елинг во 2008 година е прогласена за најдобра нова комедија од страна на англиската публика и е номинирана за престижната награда „Оливие“ истата година.

На 24 гостуваше Прилепскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Дупени“. Првичната верзија на оваа престава била претставена уште во 1965 година под името Хамлет од Долна Мрдуша. Во приказната се обработуваат темите на лицемерие, опортунизам, покриени со политиката од тоа време, но во претставата со текот на времето се покажало дека промената на политичкиот систем не значи и промена на менталитетот.

На 26 јуни гостуваше Охридскиот народен театар со претставата „Парламентарки“. Драмскиот текст на Парламентарски е работен според тесктот на драматургот Сашо Димоски, кој бил инспириран од Аристофановата комедија „Жени во народното собрание“.

На 27 јуни гостуваше Народниот театар од Ниш – Србија со „Жорж Данден“. Приказна се врти околу богатиот селанец кој ја купува својата жена од повисок сталеж и со тоа самиот тој доаѓа до повисок сталеж во општетството. Но, преку низа сплетки од страна на неговата жена, на крај доаѓа до заклучок дека можеби ја купил својата жена и сталежот, но љубовта никогаш нема да успее да ја купи со пари.

На предпоследната вечер гостуваше Театарот за деца и младинци со претставата „Македонска приказна“.

Како за крај на третото издание на фестивалот „Гола Месечина“ гостуваше Театар комедија со претставата „Нешто пропуштаме“ претстава во која актерите бараат грант за да можат да ја режираат сопствената претстава, но никако не успеваат да добијат добра идеја. Истата вечер воедно и беа доделени наградите за овој фестивал.

pi5

Оваа година наградата за најдобра режија постхумно му е доделена на Сулејман Купусовиќ за претставата „Балкански шпиун во Сараево“. Наградата за најдобар актер му припадна на Павле Пекиќ кој го глуми ликот на Елинг во истоимената претстава која што е продукција на Белградскиот драмски театар. Наградата за најдобра женска улога ја доби Ејла Бајовиќ за ликот на Даница Чворовиќ во претставата „Балкански шпиун во Сараево“. За добиените награди и оваа година одлучуваше стручното жири.

Автор :

Симона Самарџиева

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s