Ерасмус+

ЕВС во Кутерево

Здраво дечки,

Овде Тамара и Виктор, две македончиња кои по некоја случајност се најдоа во Кутерево на ЕВС.

Screenshot_5

Кутерево е големо-мало село во Хрватска, одалечено околу два и пол часа од Загреб. Магијата на ова местенце е засолништето за мечки, кое е воедно и единственото во регионот.Девет мечки, секоја од нив со посебна животна приказна, ја имаат таа моќ да ве натераат да се заљубите во Кутерево.

Screenshot_3

Нашите задачи започнуваат во девет часот наутро и завршуваат во осумнаесет навечер, со тричасовна пауза измеѓу.На заедничка средба си ги распределуваме задачите за денот, кои се најразнолики – собирање храна за мечките, нивно хранење, подготвување на нови засолништа за нив, готвење за тимот, изработка на сувенири, полнење тегли мед ( и јадење 😉 ), одржување на градините, шетање на посетителите низ засолништето и многу друго.

Screenshot_1

Управникот на засолништето, Иван, кој е единствениот постојан човек овде, има посебна традиција за секоја личност која волонтира барем четири дена.Еден ден за едно годишно време – тоа е неговата мисла. За возврат поминува низ кратка церемонија која се одржува во Копија, мала долинка во планината и за возврат на неговата добробит, волонтерот добива ланче во облик на мечка изработени од уметникот Матија од Словенија.

Screenshot_2

Во ова мало парче рај сме скоро три недели и ни преостануваат уште две. Добивме шанса да се запознаеме со луѓе од целиот свет и сигурни сме дека истите ќе ни недостасуваат кога ќе се вратиме во нашата Македонија.

Screenshot_7

Примете еден совет од нас – доколку ви се пружи можност, пријавете се за ЕВС во Кутерево, нема да зажалите. Многу луѓе го нашле својот внатрешен мир овде и уште повеќе се откриле самите себеси.

Искрени поздрави

Тамара, Виктор и мечињата

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s