ЕВС во Словачка

Моето име е Абаз Потуровиќ. Имам 26 години и доаѓам од Скопје.

Во моментов сум волонтер во Братислава (Словачка) каде го реализирам својот ЕВС проект.

abay 3

Овде сум 6 месеци и со сигурност можам да кажам дека ова е едно од моите најдобри искуства што сум ги имал во животот. Всушност, идеата за да бидам волонтер беше инспирација од моите претходни стекнати пријателства со ЕВС волонтери кои волонтираа во Македонија. Волонтер сум во Младиинфо Словенско. Организацијата работи на полето да ги информира младите за различни можности за образование и волонтирање во државата Словачка и надвор од неа. Јас и уште тројца ЕВС волонтери кои во моментов сме тука работиме на промоција на Европскиот Волонтерски Сервис – ЕВС , организирање на настани, учество на саеми и поддршка и помош на локалните младински организации.

abaz 1

Можам да кажам дека ЕВС волонтирањето ти дава можност на лично надоградување и секако го учиме јазик на државата во која што сме. Па така јас и останатите волонтери имаме часови два пати неделно по Словачки јазик.

Нашето слободно време, претежно викендите ги користиме за патување на разни места во и надвор од Словачка.

img_20160907_112559-abaz

 

Би сакал да кажам дека ова ЕВС искуство ми помогна да го усовршам англискиот јазик, да се стекнам со нови комуникациски вештини (работа со компјутер) и да посетам други земји и култури кои што не сум имал можност претходно .

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: