Ерасмус+

ЕРАЗМУС БУНТОВНИЦИТЕ СТАНАА ОДРЖЛИВИ

Во моето искуство во работата со млади, како тим лидер и едукатор младите луѓе се многу


интересна и предизвикувачка таргет група за работа. На овие „бунтовници“ можеби им недостига искуството или знаење но она што ме импресионира е нивниот поглед на светските трендови, каде светот оди, во која насока, можните решенија како и патиштата како да се стигне до таму.  Дури и нивната енергија е огромна: можат да се сопнат 100 пати, но секогаш се спремни и мотивирани да станат и продолжат понатаму. ЕРАЗМУС+ програмата е одлична можност да им се покаже патот и да ги  збогатат нивните вештини на патот кон успехот. Затоа и секогаш уживам да учествувам на проекти и младински размени базирани на неформалното образование: секогаш има успешна приказна и среќни лица што се враќаат дома. И секако, задоволството е мое да бидам само нем сведок на сето тоа.

dsc_0446

Последната таква приказна во моето искуство како и обично започна во мојата организација – Волонтерскиот Центар Скопје. Како партнерска организација на младинска размена во Србија спремаме тим што ќе не претставува. Овој пат тимот брои 6+1, што е повеќе отколку вообичаено што значи повеќе учесници-повеќе одговорност и примена на тимска работа за успешно реализирање. Но јас воопшто не се сомневам во изборот на учесници, мојата организација секогаш испраќа учесници што даваат се од себе.

Кратко запознавање на првиот состанок, подготовки и спремање за на пат. Повеќето од нив веќе имаат мало искуство со проекти но секој нареден е нов предизвик, нови можности, комплетно ново патување во нечиј туѓ живот и потрага по знаење. Па го започнуваме патувањето со Ванеса, Елеонора, Гала и Вељан во очекување Александар и Маријана да ни се придружат таму. Патуваме преку престолнината на Србија, Белград со малку разгледување на градот и тимски кафе паузи документирани со фотографии, а потоа продолжуваме на југ до нашето одредиште-Рудник. Тоа е мало местенце сместено во планински регион, со шуми и импресивна природа: одлично место во склад со темата на проектот: Семињата на одржливиот развој. Срдечно сме пречекани од нашите домаќини, Ритам здравља од Србија и работите почнуваат да се одвиваат со запознавање на останатите тимови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Португалија. Неформалниот пристап на образование преку кршење на мразот и игри на имиња даваат извонредни резултати комбинирани со малку тимска работа. Беше очигледно дека ова е компактна и високо мотивирана група на „бунтовници“ спремни да одговорат на задачите и да дадат очекувани резултати за кратко време. И многу пофалби за фасцилитатор Дамир и неговиот тим кој ја презеде одговорноста и ја пренесе групата низ сите препреки во процесот. Состаноци на тим лидерите, предлози, споделени задолженија и мерки на претпазливост беа секојдневие за да се постигне успешна работа на групата.  Исто така неколку прошетки поврзани со градот и темата низ шумата и околината помогнаа да сфатиме во колку прекрасно место се наоѓаме и сите благодети на природата.

dsc_0384

Поделени во мали групи почнуваме да ги развиваме идеите за крајните резултати: видео, прирачник и постери за претставување на проектот. Секоја група работи напорно да ги постигне резултатите дури и за време на културолошката посета на блискиот манастир Враќевшница и Горни Милановац. Толку многу убавини и впечатоци поврзани само со овие луѓе што ги сретнавме овде. И многу слики запечатени со насмевки и позитивен став што можеби, некој ден, по многу години ќе го доловат расположението и чувствата што ги поделивме меѓусебно. И секоја вечер има интеркултурно претставување, традиции, со храна и пијалоци, музика, подароци и гушкања, за уште еднаш да ја споделиме свесноста за различни култури што ја започнавме уште на самиот старт.

dsc_0691

Денот за заминување дојде побрзо отколку што очекувавме. Секој е свесен дека е дел од многу успешна приказна што би сакале да биде продолжена. Но тоа го оставаме за некои други времиња. Време е бунтовниците да се вратат дома, да ја раскажат приказната и споделат искуствата и вештините за одржливост. Како што се симнувам по скалите со торбите на моите нови пријатели за конечно збогување ги забележувам лицата на мојот тим како се поздравуваат. Среќни се, навистина. Тие го добија она за кое дојдоа овде. Навистина се гордеам со нив. А јас?

Јас добив испирација за нова песна да напишам. Па тоа е единствениот начин вакви убави работи и чувства да се зачуваат засекогаш.

Горан Галабов

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s