Македонски

Примитологија: Наука за однесувањето на мајмуните

Еден неодамнешен голем чекор преку нашите предци за поубаво разбирање

Примитологијата е всушност наука за однесувањето на мајмуните, главната цел на оваа област на истражување е да се биде во можност да се разберат некои основни човекови особини преку разбирање на однесувањето на нашата роднина/предок. Неодамна некои германски, американски и француски научници кои припаѓаат на ова поле на истражување дознаа нешто многу чудно … Некои мајмуни кои живеат во области во Западна Африка како Гвинеја-Бисао, Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо покажуваат нов чуден феномен. Всушност шимпанзото (мајмун многу близок до човекот), искуството со некои шимпанза поединци потикнува нови прашања во оваа научна заедница.

Систем на скриени камери поставени во дрвјата или на земјата снимија неколку шимпанза (во главно возрасни мажјаци, но, исто така, неколку жени и млади шимпанза) како се користат со камења, но на многу невообичаен начин. Со години знаевме дека повеќето од мајмуните се во можност да користат различни условно кажано алатки со цел да бидат поефикасни и активни во сопствената средина (со користење на камења да пробијат јаткасти плодови или овошје, може да се служат со дрвен стап да фатат мравки, инсекти итн…), но овој пат тие можат да се видат користејки го каменот за “безсмислена” цел.

Тие редат куп од камења, камен по камен во подножјето на дрвото. Откако овој чуден ритуал е завршен (тоа може да биде прилично долг период, со оглед на тоа дека секој мајмун го избира секој камен претпазливо и го поставува на купот), шимпанзото одбира друг камен кој ќе го фрли кон веќе изградениот куп во подножјето на дрвото. Оваа акција може да се повтори и неколку пати месечно.

По ова откритие се поставуваат многу прашања меѓу научниците и примитолозите, поголемиот дел од нив доаѓаат до слични идеи: хипотеза како на пример да се создаде една референтна точка за одбележување на патот, или прецизна точка маркирање на територија која што хипотеза дојде на ќорсокак. Главната идеја е дека можеби постои нешто подлабоко, ритуал или култура, обичај, што можеби е човечка карактеристика, можеби нешто повеќе овој ритуал антички припаѓа и на нашите предци …

откритие од кое на многу научници ќе им побеле коса !

Antonin Vallet

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s