Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС) е Еразмус+ програма која на младите луѓе им ја нуди можноста за мобилно искуство, како и посветеност во некоја од државите во странство. Оваа програма им овозможува да откријат нови култури, а воедно и да се здобијат со корисни вештини за нивните понатамошни кариери (на пример совладување нов јазик.. ).
ЕВС особено им дава шанса на младите да се посветат и да извршуваат мисии во различни сектори (социо-културни активности, екологија, младинско информирање, помош за луѓето со потешкотии, уметност и култура, спорт и друго), во здруженија, општини, во невладини организации, итн.
Пред започнувањето, додека трае ЕВС проектот, како и по завршувањето на истиот, се обезбедени обуки од страна на структурите инволвирани во проектот.
На крајот на ЕВС програмата, се доделува сертификат на учесниците наречен „Youthpass“. Ова е документ кој го подготвува Европската Унија за здобиените вештини и искуства на волонтерите.
Услови:
- Учесниците треба да бидат на возраст од 17 до 30 години.
- Не е потребно конкретно ниво на образование или тренинг, познавање на јазик не е задолжително, меѓутоа предност е да се има основно познавање на англиски јазик, или пак јазикот на државата во која ќе престојува.
- Проектот може да трае од 2 до 12 месеци.
Каде можеш да одиш?
- Во сите 28 држави членки на Европската Унија:
Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Франција, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Чешка, Романија, Велика Британија, Словачка, Словенија и Шведска.
- Државите од Европската област: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, со исклучок на Швајцарија.
- Во земјите-кандидати за влез во Европската Унија: Турција и Македонија.
Некои ЕВС проекти се одржуваат и во државите кои се „соседи и партнери на ЕУ“, а тоа се: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Србија, Русија, Украина, Лихтенштајн, Норвешка, Алжир, Тунис, Мароко, Египет, Израел , Палестина и Либан.
- Понекогаш може да има и ЕВС проекти во државите „партнери во светот“, односно во држави во Африка, Латинска Америка и Азија, меѓутоа истите се многу ретки.
Образовна и финансиска поддршка:
ЕВС е бесплатна програма: превозот, храната, сместувањето, курсевите за совладување на јазикот, џепарлакот (кој може да биде од 50 до 125 евра месечно, во зависност од државата), како и социјалната заштита се обезбедени од домашните агенции. Субвенциите од Европската Унија се директно платени до структурите кои го координираат проектот. Овие субвенции треба да помогнат за да се покријат патните трошоци, сместувањето, храната и активностите поврзани со ЕВС проектот.
Како да се пријавиш?
- Најпрвин, потребно е да се има контакт од организација која праќа ЕВС волонтери. Ова може да биде секоја организација која е акредитирана од страна на Македонската Национална Агенција која им помага на младите луѓе да најдат ЕВС проект.
- За да ги најдете сите ЕВС проекти посетете ја страницата: https://europa.eu/youth/volunteering/evs-organisation_en
Напомена: Ве советуваме да започнете порано со подготовки. Најчесто се потребни шест месеци пред заминувањето.
Зошто да учествуваш во ЕВС?
- Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) е уникатно животно искуство.
- ЕВС им дозволува на младите да се запознаат со различни култури, како и со нови луѓе од други држави.Младите луѓе откриваат и искусуваат како е да се биде активен граѓанин, преку тоа што се корисни за другите.
- ЕВС е вистинска подготовка за интеграција во понатамошниот работен живот. Преку учество на ЕВС, младите се здобиваат со корисни вештини (како владеење на странски јазик и многу други технички, социјални и граѓански вештини), преку кои ја развиваат својата професионална интеграција.
Ако сте заинтересирани за оваа програма, можете да ја посетите канцеларијата на Волонтерски Центар Скопје, каде ќе ве советуваме и ќе ви помогнеме во вашата потрага по ЕВС проект.
Волонтерски Центар Скопје
Емил Зола 3/2 – 3
1000 СКОПЈЕ
Leave a Reply