Ерасмус+

Едно поинакво искуство

Моето име е Александар Ристовски од Куманово и веќе три недели сум пораненешен ЕВС волонтер. Мојот ЕВС проект се одвиваше во градот Арад –Западна Романија каде што поминав 7 месеци неверојатно животно искуство па додека сеќавањата се уште свежи , а импресиите огоромни сакам да споделам една несекојдневна волонтерска авантура со читателите на магазинот “ VOICES” .

img_5330

Како за почеток  сакам да потенцирам дека Романија е една прекрасна и огромна земја .луѓето пријатни и услужливи и каде АвтостоП (hitchhiking) совршено функционира, па од таму почнуваат и завршуваат сите мои авантури и за неполни 4 месеци поминати 6500 километри автостоп.

received_10210126369464272

На мој прелог и покана до сите волонтери кои во тој момент беа присутни во Арад, а ги имаше преку шеесетина за тридневна авантура по прекрасните Карпати и искачување на највисокиот врв Молдовијану 2544 мнв храброст и интерест покажа само мојот драг другар и колега Луиџи од Италија.По кратки подготовки и следење на временска прогноза при крај на месец Јули тргнавме во нашата Карпатска авантура . Среда наутро со ранците и опремата на грб на периферијата на нашиот град домаќин започнавме со автостоп и требаше да поминеме околу 400 километри до нашата стартна точка за искачување . Уште на почетокот имавме среќа и со само две смените возила( камион и кола ) стигнавме во прекрасниот град Сибиу во подножјето на Карпатите препознатлив по отворите на крововите на куќите налик на човечки очи. Поминувајќи од еден до друг крај на градот за да продолжиме до нашата стартна точка градчето Викторија посетивме некои наши пријатели волонтери кои во тоа време имаа On Arrival тренинг во центарот на Сибиу. Како и сите волонтери почетници беа изненадени за нашиот подвиг и план и со неверување ни посакаа успех притоа не подзаскрбија со хотелска “гага’ храна.Во приквечерито пристигнавме во скоро напуштеното сиромашно , некогаш рударско градче Викторија во подножјето на Карпатите каде што и го поставиме нашиот камп за да преноќиме.Барајки добро место за поставување на шаторите во дворот на една малтене напуштена викеница си најдовме и едно напуптено кутре со ке ја поделивме нашата вечера и како знак на благодарност цела ноќ будно не чуваше и реагираше на секое движење на животни околу нас.Во раните утрински часови по добро планинарски обележана (измаркирана)патека и доста калнива тргавме во непознато. Нашето куче не се делеше од нас. Си мислевме дека е напорно искачувањето и дека после некое време ке се откаже , ама тоа не се случи. Се надевавме дека по патот ке сретнеме други колеги планинари бидејќи одиме на врвот на Карпатите , атрактивна локација, но и тоа не се случи. После 8 часовно качување и уживање во прекрасните предели и пејсажи и совладување на висинска разлика од 1800 мнв пристигнавме до пл дом Пограду на истоименото глечерско езеро на 2200 мнв.Кучето кое тодогаш доби и име “Mika” на Романски значи мало не се делеше од нас.

img_5308

Го поставивме нашиот камп во непосредна близина на езерото и влеговме во планинарскиот дом кој беше полн со планинари од скоро сите делови на Европа.Стекнавме многу нови познанства и пријателства , искусни планинари од Полска, Холандија , Бугарија и мал дел Романци. Во разговор со нив заклучивме дека сите сите пристигнале од друга патека која е сигурно 5 пати полесна од нашава, здравје за друг пат знам. Дружбата со нив продолжи , нормално со по две ,три (Ursus ) романски пива име во превод мечка.

imag0603

Утредента рано го оставивме кампот покрај езерото и тргнавме накај врвот Молдовјану. Требаше да совлдаме околу 400 метри надморска висина што и не е многу ама имаше доста километри за поминавање, мораше да се обиколува поради недостапноста и дивината на теренот околу самиот врв. По прекрасни времески услови и пејсажи по 3 часа успејавме да го искачиме Молдовјану 2544 мнв. Секако дека Мика беше со нас цело време. Се вративме до езерото го собравме нашиот камп и решивме да се суштаме до планината па до кај стигнеме пред стемнување ке поставиме камп. На спуштање по сосема друга патека наидовме на друг ПЛ дом на 1500 мнв опкружен со прекрасна борова шума и водотеци. Место како од соништата.

2016-08-10-11-20-01

Ги поставивме шаторите во непосредна близина и поминавме уште една прекрасна ноќ под ѕвезденото карпатско небо. Неопислива среќа, адреналин , задоволство и што уште не. Следното утро го продолживме спуштањето и по неполни 5 часа слеговме во Викторија каде се почестивме со по една ладна кригла пиво пред да започнеме со автостопирање. Ништо не беше завршено.

2016-08-08-14-57-01

Не чекаше уште 400 км неизвесност, а ние со крајни сили после 3 дена на огромните, несекогаш гостопримливите Карпати. За среќа најдовме камион кој не донесе скоро до дома на само 40 км од нашиот Арад прекрасниот град Темишвар каде имаме другари волонтери  кои не згрижија и обскрбија таа вечер. Нормално памти па врати волонтерски кодекс.

imag0593

За жал Мика моравме да ја оставиме. Ја оставивме во круг на една мала фабрика каде после раскажувањето на нашата приказна со кучето едниот од вработените вети дека ке ја земе дома и ке ја чува со задоволство. Хепи енд и за неа. Се вративме дома живи здрави и пресреќни, јас после 10 дена ја повторив истата маршута со пријатели од Македонија, секако на Луиџи кој машки издржа првиот пат му беше доволно. Знам и верувам дека си текстов неможам да ги доволам сите моменти и внатрешни задоволства па можеби сликите во прилог ке ме дообјаснат.

img_5291

Совет :

Доколку сте во размислување за вашиот прв долгорочен ЕВС проект а сте авантуристи и само небото е ваша граница, Романија со сигурност е вашата дестинација.

Со почит волонтер – Александар Ристовски

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s