ПИВОЛЕНД 2016 (Пиво, скара, музика)

Пиво, скара, музика… на што ве потсетува?

Секако на Пиволенд. Како и изминативе години така и годинава по 8ми пат се одржа традиционалниот фестивал посветен на пивото повторно на старата локација скопското Кале, за разлика од неколкуте изминати години кога се одржуваше на паркингот пред спортскиот центар “Борис Трајковски”. И годинава можеше да се забележи масивна посетеност, многу испиено пиво, многу изедена скара, како и добра музика. Уживавме во хитовите на Рибља Чорба иако настапот беше во незгоден термин т.е. во работен ден по полноќ сепак тоа не ги спречи посетителите да бидат присутни во масовен број.

14141784_1157303927668393_8811281219926690797_n

Се потсетивме на старите добри хитови на Студени нозе, се веселевме на фолк музиката на Ефто Пупиновски како и на трубачите, стариот добар Јаков Дренковски, веќе редовните Нокаут, слушнавме и рок музика од светските топ листи, се појавија и млади бендови кои за првпат имаа прилика да настапат пред поголема публика како на главната бина така и на двете помали од кои една за електронската музика, а другата (Bla Bla & Music Circle) традиционално резервирана за останатите жанрови каде се промовираа млади артисти пред домашната публика.

14225628_1157409987657787_3357562831271875230_n

Иако Скопско пиво изостана од фестивалот, имавме можност да дегустираме повеќе од 150 видови пиво од различен тип од производители од целиот свет некои веќе добро познати и редовно присутни како на фестивалот така во баровите и на рафтовите во маркетите, така и брендови кои за првпат се појавуваат на Пиволенд и им се укажа можност за првпат да се промовираат пред македонскиот народ. За првпат пробавме и пијалоци како што се пивски коктели но сметам дека посетителите не беа посебно воодушевени од тој вид на пијалоци, повеќе уживаа во познатиот вкус на пиво.

14138592_1157404127658373_6563774993631532291_o

Секако традиционално беше присутна незаменливата лесковачка скара која со својата неодолива арома моментално го разбудува апетитот. Иако беше најавено дека учесниците на фестивалот ќе ги продаваат своите производи по промотивни цени, сепак како и изминатите години така и годинава цените беа доста високи, а за некои видови пиво цените беа дури и повисоки од  баровите, сметам дека ако веќе станува збор за фестивал на пивото цените треба да бидат навистина промотивни или барем еднакви со цените во продавниците, а не двојно повисоки па и повеќе. Истото важи и за скарата со цени повисоки од сендвичарите или кафеаните и рестораните. Но добро тоа не треба да не зачудува како за скопскиот Пиволенд, така и за останатите фестивали од ваков или сличен тип ширум Македонија, ако споредиме со фестивалите во регионот каде се придржуваат до правилото дека цените ќе бидат промотивни или пристапни за секого.

14202572_1157403704325082_3706747388718068191_n

Но сепак фестивалот помина добро посетителите генерално беа задоволни, не беа забележани некои поголеми инциденти, итната медицинска помош немаше посебна потреба да интервенира кај лица кои претерале со конзумирање пиво, исто и полицијата беше присутна како и обезбедувањето кое беше на високо ниво, можеби забележавме мали и привремени технички проблеми околу озвучувањето и осветлувањето но истите беа експресно решени. Значи заврши и овој Пиволенд, ни останува да се надеваме дека наредната година фестивалот ќе привлече уште поголем број посетители, повеќе популарни артисти и музички бендови, повеќе познати брендови пиво по навистина промотивна цена, како фестивалот би го достигнал нивото на фестивалите од ист и сличен тип во регионот па можеби дури и да го надмине во блиска иднина.

14202591_1157410204324432_4242986453876308698_n

 

Милан Ѓапиќ

Related posts

Create a website or blog at WordPress.com

%d bloggers like this: