Македонски

УНИКАТНИТЕ ПРЕДНОСТИ НА ОДБОЈКАТА

Многумина ја опишуваат одбојката како прилично едноставна, каде само треба да се спречи топката да падне на земја. Од друга страна, пак, навидум лесната игра, всушност е една од најинтелигентните, така што секое играње со топката треба да е однапред испланирано. Доволно е да се запознаете со основните технички елементи за да се уверите во тежината на одбојката. Но и покрај тоа, верувам дека предностите на овој спорт се присутни во секој поглед.

            ЦЕЛОСНО ЈА ОФОРМУВА ЛИЧНОСТА

Долга е листата на причините зошто одбојката е различна од другите (тимски) спортови. Пред сѐ, севкупното влијание е позитивно. Доминираат креативноста и брзото размислување. Се развива моќта на перцепција и се усовршува координацијата. Тимската игра овде е на поинаков, повисок степен, каде сѐ се одвива за кратко време и успехот зависи најмногу од меѓусебната комуникација. На кратко, тоа значи дека одбојката целосно го оформува и зајакнува телото, како физички така и психички, а исто така има и голем удел во социјализацијата личноста.

odbojka_rou_vs-_mkd_2-76806

_90688490_rio_volleyball_getty

            ОДБОЈКА ИГРААТ И МОМЦИ И ДЕВОЈКИ

Како долгогодишна одбојкарка, постојано ме иритира заблудата дека одбојката е нежна, ја играат девојки. Напротив, како и секој колективен спорт,одбојката е подеднакво атрактивна и во машката и во женската конкуренција. Надигрувањето е клучно, а силината на ударот е дополнителна атракција. Сметам дека главна причина за ова суеверие кај нас е малиот број на машки одбојкарски клубови, како и слабата информираност.  Сепак, критиките на страна, нека биде ова мало охрабрување на оние кои се двоумат дали да одберат одбојка. Затоа што е интересна, непредвидлива, и навистина ја играат и момци и девојки.

11063775_1097088180306273_1407978528421352938_n

            ЗАБАВАТА Е ЗАГАРАНТИРАНА

Во кошарката се цели кон кошот, во ракометот и фудбалот кон голот. Она што ја прави одбојката поинаква од останатите тимски игри е токму меѓусебното надмудрување. Секако, секој спорт сам по себе има одредена тежина. Овде, да се надитри противникот е истовремено забавна,но и не толку лесна цел.  А спорт без забава е сосема бесмислено. Сѐ што ви треба е добро друштво, расположена екипа и желба за победа, проследено со фер игра. Правилата и техниката се учат во секое време. Па, додека сѐ уште е пријатно времето, повикјте ги

пријателите на градската плажа и поминете едно пријатно попладне со одбојка на плажа.

14184295_331736050501860_8181005827291453120_n

                ПОМАЛИ ШАНСИ ЗА ПОСЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ

Добро познато е дека во спортот неизбежни се и спортските повреди, па така и одбојката не е исклучок. Предноста во овој поглед е тоа што во неа нема директен контакт со противникот. Токму затоа, овој спорт е најпогоден за оние кои не се обожаватели на грубата борба со противничката екипа. Бидејќи, во тие ситуации, поголемото ниво на адреналин знае да резултира со поголем број на потешки повреди. Но во одбојката, таа бројка е сведена на минимум и вишокот на енергија, бесот или лутината се исфрлаат врз топката, а не врз играчите. Вообичаените повреди, како превиткан зглоб, набиен прст или по некоја модринка, не треба да бидат причина за загриженост. Затоа што тие нѐ прават поцврсти, или пак повнимателни.

Автор: Бојана Станковска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s