Македонски

“Statelessness” Конгрес во Брисел

Европската мрежа која се занимава со проблемот наречен „бездржавјанство“ во соработка со УНХЦР и универзитетот Мастрихт, во јули годинава во претстолнината на Белгија го оддржа првиот конгрес за млади на тема „бездржавјанство“ (statelessness). Фокусот беше ставен на децата без државјанство. На конгресот учествуваа 35 млади од 18 европски земји меѓу кои и Македонија. Сања Варсаќевска, Иван Кочовски и Бојана Пешова беа ентузијастите кои заминаа за Брисел со цел научат нешто повеќе за овој проблем, за подоцна да го пренесат своето знаење и на овие простори. На конгресот присуствуваше и Мартина Смилевска Кчева (претседател на МЗМП).

13620903_10153561681181533_1777940537680772266_nЗа читателите на Воисес поразговаравме со нашиот долгогодишен волонтер Сања Варсаќевска која несебично ни го пренесе своето искуство: „Хуманитарната работа со децата – бегалци во кампот Винојуг  во мене отвори нов хоризонт, потрба за да ги осознаам правните аспекти кои би можеле да ги подобрат нивните животни приказни. Благодарение на ОТВОРЕНА ПОРТА/ЛА СТРАДА стекнав огромно искуство, такашто по завршувањето со работа во кампот, заминав на конгресот оддржан на универзитетот Мастрихт во Брисел. Носејќи ја титулата младински амбасадор, бев во посета Европскиот парламент…“

Лице во ризик од без државјанство е лице кое  ниту една држава не го признава за свој државјанин. Да се биде лице  во ризик од без државјанство значи дека не постои правна врска помеѓу поединецот и ниту една држава. Државјанството често се опишува  како „право да се има права“, бидејќи токму поседувањето на државјанство на една држава е предуслов едно лице да ги ужива основните човекови права како на пример право на здравствено осигурување, право на работа, право на образование, социјалните права итн.

Лицата во ризик од без државјанство се соочуваат со бројни потешкотии во нивниот секојдневен живот: немаат пристап  до здравствена заштита, образование, не можат да остварат имотни права, па дури  и не можат да се движат слободно. Овие лица се особено подложни на арбитрарен третман од страна на државните органи и не се ретки случаите кога и самите се жртви на различни злоупотреби и  кривични дела, како што е трговијата со луѓе, токму поради недостигот на правна заштита која една држава им ја пружа на своите државјани. Нивната маргинализација може да создаде тензии во општеството и да доведе до нестабилност на меѓународно ниво, вклучувајќи и, (во екстремни случаи), и појава на конфликти и принудни раселувања.

Во Македонија, според информациите обезбедени во 2011 година од страна на Министерството за внатрешни работи 116 лица се сметаат за лица без државјанство.

Според една анкета на УНХЦР, која опфати 70% од територијата на РМ,  истакна дека 13.770  лица

20160713_140739

се соочуваат со најмалку еден  илиповеќе од следниве проблеми: недостаток на лична документација, недостаток од регистрација при раѓањето или лично име, нерегулиран законски престој или државјанство.

Се смета дека најголемиот број од лицата кои се соочуваат со овој проблем се етнички маргинализирани групи. Според податоците на УНХЦР за Македонија во декември 2014 година, имало 734 лица без државјанство. Овие податоци не се поделени по возраст, такашто не постои индикација за тоа колку од овие лица се малолетници. Нема други официјални статистички податоци во врска со

13631465_10154277563024029_3040539684918312546_n

бројот на лица кои живеат на територија на РМ, а кои се лица без државјанство или се изложени на ризик од бездржавјанство.

 

На самиот крај Сања ни објасни зошто е толку значајно за секое дете да поседува државјанство: „уште од најрана возраст секое дете сонува за тоа што ќе биде кога ке порасне, но поради разни грешки направени од родителите или од страна на системот детските соништа се загубуваат во лавиринтот наречен бездржавјанство, а тие стануваат апатриди. Во Македонија свеста за овој проблем е навистина на ниско ниво а тоа е особено загрижувачки доколку се земе предвид фактот колку многу лица живеат на овој начин. Поради бегалската криза бројот на деца без државјанство во Македонија е особено пораснат а тоа значи дека тие се невидливи за системот и немаат никаква заштита. Токму затоа сметам дека луѓето, институциите и активистите за човекови права треба да посветат поголемо внимание на оваа тематика.

20160713_140056

Проблемот со овие деца/лица е тоа што тие се „невидливи“, тие се „духови“ во нашето општество, бидејќи физички постојат, но не уживаат права, кои ги уживаме ние за жал. На пример дете кое што нема државјанство не може да се запише во градинка, училиште или универзитет. Кога ке стане полнолетен, не може да се вработи. Ниту може да се стекне со здравствено осигурување. Бројот на вакви деца ширум светот енормно се зголемува. Не сакам ниту да помислам на каков се вид на насилство подлежат тие деца. Мошне лесно можат да бидат злоупотребени, бидејќи тие се едноставно „духови“ т.е не фигурираат никаде како припадници на една земја. Затоа сметам дека треба да ја подигнеме свеста на народот за состојбата во која се наоѓаат овие лица.“

20160713_142526

„Доколку познавате личност која се соочува со овој проблем, ве замолувам да ни пријавите. Колегите од МЗМП (македонско здружение на млади правници), стојат на располагање да понудат бесплатна правна поддршка. На овие лица ќе им обезбедиме и психо – социјална поддршка која им е неопходна. “, вели Сања.

13680600_10153577687831533_1634793589784598311_n

На 20-ти октомври, кога воедно се празнува денот на детето, Сања Варсаќевска, во соработка со МЗМП, организираат настан на кој идејата е да ги запознаат луѓето во РМ со овој проблем . На истиот ќе бидат поканети организации кои веќе работат со оваа ранлива група на деца. Ќе биде креирана стратегија за решавање на прашањето за децата -апатриди во нашата земја. Исто така ќе бидат поканети и сите други хумани граѓани.

Од Сања Варсаќевска

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s