Сите ја знаете љубопитноста и ентузијазмот кои ги чувствувате пред едно патување. Ако, пак, се работи за младинска размена, возбудувањето е уште поголемо, бидејќи очекуваме средба со млади, инспиративни луѓе, блиски до нас. Од различни земји, на едно место, во нова средина, во една поразлична култура. Така јас ја очекував младинската размена “Stone Age in Us”. html
Овој Erasmus+ проект организиран од невладината организација “Suderve community” заедно со “Atelier of Treasures”се одржа во Вилнус, Литванија, од 16 до 25 јули ова лето. Учествуваа по шест учесници од секоја од земјите: Литванија, Ерменија, Естонија, Португалија и Македонија.
Барајќи зборови за на кратко да го опишам овој проект, први на ум ми доаѓаат активен, активен и активен! Целта на проектот “Stone Age in Us” беше младиот човек дасе поврзе со природата, да почувствува како е да се поминат неколку дни во шатори.Во сликовитата околина на Вилнусза нас беше испланиран камп кој за повеќето беше голем предизвик, а подразбираше поставување на шатори, организирање услови за готвење во природата, логорски оган и многу дружење. Незаборавно искуство беше целодневниот хајк на кој требаше сами да се ориентираме според контролни точки на дадена географска мапа. По долгото пешачење, се вративме во кампот доцна во ноќта, гласно пеејќи и покрај уморот. На крајот на овој дводневен камп сите се изненадивме колку природата нуди можности, а заедничката работа и поддршката сето тоа го направија да биде едно пријатно искуство.Името Литванија на Литвански значи врнење и затоа не нѐ изненади тоа што враќајќи се повторно во Вилнус нѐ пречека слаб, пријатен летен дожд. Додека се возевме кон центарот на Вилнус, низ замаглените прозорци се откриваа сѐ поубавите и сѐ пограндиозните урбани пејзажи. Знаевме дека овој град е полн со работи кои чекаат да бидат доживеани. Во неколкуте прошетки ги разгледавме огромниот број на високи и импозантни цркви, готската црква Св. Ана, катедралата Вилнус, се восхитувавме на панорамата и стариот, барокен дел од градот. Навечер посетивме неколку локални пивници, каде се чувствуваше автентичниот литвански дух помешан со мирисот на литванско пиво на кое домашните се, со право, многу горди. Издвоивме еден ден за посета на замокот Тракаи, кој е опкружен со над 200 мали езерца и острови и е позната туристичка дестинација во близина на Вилнус.
Десет дена поминаа толку брзо.
Секој дојде со желба да се запознае со нови, различни култури и да сте
кне нови пријателства и сите од нас со задоволство работеа во тимови и сите учесници покажуваа прекрасен тимски дух. Најголем дел од активностите беа задачи за зближување и проекти преку кои учесниците ги претставуваа посебностите на културата, историјата и животот на младите во нивната земја.Ваквите размени овозможуваат младите луѓе преку интензивните заеднички активности, добро да се запознаат меѓу себе и да се зближат за многу кратко време. Не можете ни да си претпоставите колкава беше возбудата, среќата, па и носталгијата,кои со себе ги понесовме по завршувањето на младинската размена “Stone Age in Us”.
Автор: Ева Зовиќ
Leave a Reply