Ерасмус+

МЛАДИНСКА РАЗМЕНА Youth European Strategy – YES!

На почетокот на Септември 2016, учествувавме во Youth Exchange YES (Youth European Strategy) организирано од Balkan Youth Festival “The Balkan Youth”. Тоа беше размена на млади, 56 млади луѓе од Бугарија, Македонија, Грција, Италија, Турција, Романија и Шпанија. Проектот траеше од 05.09.2016 до 12.09.2016 во Сандански, Бугарија. Целта на проектот беше да се откријат нови начини како танцувањето може да биде вклучено во неформалната едукација. Си поминавме прекрасно, со сите други учесници. Ова се нашите мислења и искуства:

Елена Богдановска–  Додека траеше овој проект ние научивме многу работи. Најдоброто искуство за мене беше поминување на времето со другите 55 учесници, истражувајќи ги нивните култури, нивниот начин на размислување, споделување на различни мислења, учење на нови зборови и општи работи на нивните јазици, a и запознавање на други видови танци. Исто така бев импресионирана за танцот Танго и колку емоциите се присутни. Многу ми се допадна и откако ги гледав другите како играат, и јас добив желба да танцувам исто така.14212181_676714045813087_6160902149591763980_n

Давид Богдановски– Времето кое што го поминав во Сандански беше огромно животно искуство за мене. Запознавме многу нови пријатели, научивме нови танци како Танго, хип хоп, зумба. Цело време бевме заедно со другите учесници, коишто доаѓаа од други 7 земји и јас научив многу нови работи за нив.14241428_678494082301750_5588588377716557636_o

Елена Величковска – Со учеството на семинарот YES- Youth European Strategy, организиран од страна на Balkan Youth Festival “The Balkan Youth” се запознавме со културите и традициите на народите од различни држави кои учествуваа на фестивалот. Секој ден започнуваше со смеа и забава,игри предвидени за меѓусебно запознавање и дружење, разменување знаења, општи поими од другите јазици како: романски, турски, шпански, италијански, грчки и бугарски. Имавме традиционална вечера на која имаше различни храна и пијалоци кои ги одбележуваат убавините на секоја од државите посебно. Го посетивме и најмалиот град во Југозападна Бугарија кој е на околу 440м надморска височина и го задржува статусот град од историски причини.14207647_676711465813345_602000873349721672_o

Татјана Георгиевска–  Беше убаво да се биде таму. Имаме многу убави спомени од овој проект со кој воедно научивме многу работи за другите држави.Јас навистина уживав во ова бидејки научив нови зборови на други јазици, нови игри, запознав нови пријатели, ја пробавме традиционалната храна на другите држави.Јас мислам дека ова е најубавата можност која би можела да биде дадена од една ваква волонтерска организација.14231269_677282869089538_1299268426107850493_o

Маријан Чакаловски–  Проводот во Cандански ми беше едно од најдобрите искуства во мојот живот.  Дружбата со другите луѓе, забавите, активностите, друштвените игри, премногу забава на едно место. Најголем впечаток ми оставија концертите, бидејќи од секоја држава, секој преставник играше сосема различен танц како на пример танго, салса, хип-хоп,зумба, традиционални. Дури и имавме можност да бираме кој од танцовите сакаме да ги учиме, а јас избрав хип-хоп. Покрај тоа, имавме шанса да ја преставиме нашата татковина Македонија, да направиме наше традиционално јадење и пиење. Вечерните часови беа исполнети со многу дружење, забава, дискотеки, запознавање на други луѓе со кои што секако ќе останеме добри пријатели.14305209_677273185757173_6862173610393202983_o-1

Никола Димовски–  Игравме многу игри, низ кои научив за културата и јазикот на другите луѓе. Учествував во танцувачка работилница во која освен мојот научив и многу други интернационални танцови. Имав можност да ја презентирам Македонската култура, Македонската храна и секако Македонската народна носија при што имаше само позитивни реакции од другите учесници. Научивме многу изрази на Италијански, Шпански, Романски и Грчки јазик .14389776_10207016419116086_1761537772_n

Ангела Донинска– Седум дена исполнети со дружење, забава и нови искуства за мене. Задоволство ми беше што бев дел од YES проектот, прекрасна прилика да се научи нешто ново, како за танцувањето така и за културата на другите држави кои исто така беа дел од проектот. За оваа една недела го усовршив англискиот јазик, а слободното време го исполнувавме со игри со цел да се запознаеме и да размениме искуства.

Бојан Мишевски– Пред се сакам да се заблагодарам на Волонтерски Центар Скопје организација која ми овозможи да учествувам на еден ваков настан. Ми беше чест што бев дел од семинарот YES – Young European Strategy, кој таму покрај градот Сандански, се запознавме и со многу пријатели, места, култури, традиции, јазици итн. со што ми овозможи надградување и стекнување на големо искуство. Исто така, благодарност до домаќините кои вложија голем труд и не пречекаа на најљубезен начин. Секој кој ќе има ваква шанса, нека ја прифати без размислување. Имајте убав ден.

14407599_10207016439676600_2052949017_n

Автор: Елена Богдановска

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s