Култура

Едукативен Центар „Да Научиме”

12

Топлите месеци Јули и Август се добри за македонското вино по кое е и нашата Македонија позната, но не се многу пријатни за оние кои не се љубители на жештини. Дали ви се случило едноставно да сакате да отидете некаде и да се вратите кога е посвежо? Па, што ако ви кажеме дека  точно 119 млади од Македонија се одлучија да го направаат тоа ова лето 2016? Згора на тоа, ги посетија најпознатите европски дестинациии, како Барселона, Берлин, Реџо Калабрија и Верона, каде го учеа локалниот јазик. Еден месец е повеќе од доволно за некој целосно да искуси како е да се живее во една од овие дестинации и да се доживее локалната култура, да искуси секојдневниот живот на локалните жители, да се научи нов јазик и да се надогради самиот себе со уште едно животно искуство.

Едукативниот центар Да Научиме е со долгогодишно искуство во организирање на курсеви за изучување на странски јазици надвор од родната земја и има задача да  го организира целокупното доживување на патникот од моментот кога влегува во авион и се враќа дома после еден месец.

 

Ја започнуваме нашата промоција на почеток на секоја тековна година во Февруари, како секој би имал време да размисли каде и како сака да го помине летото. Исто така, објавуваме конкурси за многу ваучери и стипендии кои значително ја намалуваат цената. Вообичаено во нашите понуди е вклучен и превоз ( авионски или автобуски), осигурување, превоз до местото каде патникот е сместен, смештај во модерно опремени апартмани, јазичен курс во посакуваниот град и целосна организација на патувањето. Згора на се’, за сите корисници на нашите услуги, нудиме бесплатни подготвителни часови кои почнуваат еден месец пред патувањето, така што слушателите можат да го освежат своето знаење на јазикот и да се запознаат со останатите со кои ќе поминат еден месец.

“Лето 2016? – Најдоброто лето! Дружење, излегување и забава помешано со вистинскиот професионализам од страна на професорите го направи ова патување во Реџо ди Калабрија незаборавно. Учејќи јазик притоа уживајќи во прекрасните градови на Јужна Италија и Сицилија ова патување ги надмина сите наши очекувања. Поминавме еден прекрасен месец на брегот на Јонско и Тиренско Море каде што имавме можност да се запознаеме со луѓе од сите страни на светот. Сите бевме различни, а дојдени со иста цел – Да учиме додека се забавуваме! И голема благодарност до ,,Да Научиме” кои дефинитивно се заслужни за сето ова да биде реализирано и остварено!” –Николова Елена

8

Патувањата, запознавањето на нови култури ни ги прошируваат хоризонтите во животот. Со помош на Едукативниот центар “ Да Научиме” jас успеав да исполнам дел од моите желби. Првото мое патување беше ни малку ни многу туку еден незаборавен месец во Италија. Пред се’ таму бевме за учење на јазикот, но исто така и да ја прошетаме Јужна Италија. Благодарение на центарот и прекрасните водичи ни беше овозможена и посета на најубавите плажи во Јужна Италија, впрочем и една од најпознатите во Европа – Тропеа. Притоа целосно ни ја доближија италијанската култура – не’ одведоа на прекрасни екскурзии на Сицилија, организираа заеднички вечери и дружби. Не помалку добро Да Научиме се покажа и во Берлин. Берлин е еден поинаков град, во кој секој може да се пронајде. Секој ден посетувавме нови музеи, места и ботанички градини. Но, акцентот пред се’ беше ставен на изучување на јазикот. Покрај водичите имавме и професор од Македонија по германски јазик, кој не дозволуваше да се сретнеме со потешкотии при решавањето на домашните задачи или пак при учење на нешто ново. Многу ми се допадна и пристапот на водичите, бидејќи немаше бариера помеѓу нас, бевме едноставно пријатели. Нема доволно зборови со кои може да се доловат доживувањата, спомените и искуството на овие прекрасни патувања. Секому би препорачала да биде дел од ова големо семејство, кое пред се’ овозможува да се  спознаете и доградувате себе си како личност” – Марија Димитрова

“ Поминав незаборавно лето во Барселона и стекнав многу нови пријатели. Згора на се’, го подобрив знаењето на шпанскиот јазик и научив многу за шпанската култура. Поминав еден цел месец во забава, дружење со нови пријатели и учење. Ова патување беше и своевиден доказ за моите родители дека сум одоговорна и доволно созреана личност да се грижам за себе. Тој месец помина многу брзо и би можела да кажам дека беше најубавато патување во мојот живот” – Љубица Неткова

 

“Имаме многу задоволни клиенти, кои би ги нарекле пријатели.. и ние патуваме секогаш со нив, па по еден месец интензивно дружење стануваме и пријатели… Заедно готвиме, излегуваме, јадеме, учиме и  се забавуваме” – Сања Апостолска, основач на Да Научиме

Оваа година, на барање на нашите досегашни клиенти  започнуваме и  зимски јазични курсеви во Јануари и Фебруари. Ќе имате можност да поминете зимски распуст во Рим, Верона, Милано, Барселона, Берлин, Солун, Белград итн..

Контактирајте не на danaucime@gmail.com за да дознаете повеќе.

 

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s