Ерасмус+

Тренинг курс ,Вклучување во ЕВС: Развивање на капацитети на организациите за примање, координирање и испраќање на ЕВС”

Обуката ,,Вклучување во ЕВС: Развивање на капацитети на организациите за примање, координирање и испраќање на ЕВС”

(Step into EVS: Developing Competencies of Organizations to Host, Send and Coordinate EVS”)се одржува во Струга, Република Македонија, од 3-ти до 12-ти октомври 2016 год., со поддршка од програмата ,,Еразмус +” и СИМО, а во организација на Волонтерски Центар Скопје и Маханмутајиен тио, коулутус ја култуури ти (во оригинал: Maahanmuuttajien työ, koulutus ja kulttuuri ry) од Финска.

poster-tc-evs-1-a3

Проектот вклучува 32 учесници од 13 земји: Македонија, Финска, Бугарија, Хрватска, Данска, Германија, Ирска, Холандија, Норвешка, Романија, Словачка, Шпанија и Шведска. Сите учесници се младински работници, младински лидери, координатори на проекти и менаџери со силна мотивација да развијат способности за работа на полето на ЕВС. Исто така, проектот вклучува и луѓе со помалку можности, лица кои доаѓаат од различна социјална, економска или етничка средина и учесници кои припаѓаат на сомалиската етничка заедница во различни европски земји, како што е организацијата-апликант од Финска, Маханмутајиен тио, коулутус ја култуури ти, чијашто главна цел е промовирање на сомалиската култура култура и интегрирање во финското општество.

20161004_221604

ЕВС (Европска волонтерска служба) е една од клучните активности на програмата ,,Еразмус +” која на младите луѓе, вклучувајќи ги и тие со помалку можности, им нуди единствена можноста да стекнат нови познавања, да ја зголемат самопочитта и самодовербата, да придонесат во развојот на заедниците во земјите коишто ги испраќаат и примаат. Со проектот ,,Вклучување во ЕВС: Развивање на капацитети на организациите за примање, координирање и испраќање на ЕВС” сакаме да одговориме на потребите на организациите кои се заинтересирани да станат организации-испраќачи, домаќини и координатори за ЕВС волонтери и организациите кои веќе се акредитирани и се во потрага по можности за зголемување на квалитетот на нивните услуги на полето на ЕВС.

20161005_234958

Главна цел на овој проект е развивање на капацитетите на учесниците и организациите за овозможување на квалитетни активности за ЕВС за младите луѓе, вклучувајќи ги и младите луѓе со помалку можности, и подобрување на квалитетот на ЕВС во земјите-учеснички. Активностите се базираат на методи и техники за неформално учење, и експертите кои се вклучени во обуката, користејќи различни методи на работа, ќе обрнат внимание на тоа да ги задоволат потребите и очекувањата на учесниците. Проектот ќе има силен ефект на неколку нивоа, особено на учесниците и организациите-учеснички кои се директно вклучени во проектот.

20161004_221752

Освен овие групи, проектот особено ќе биде од корист за организациите посетени во текот на работната посета кои ќе имаат прилика да воспостават нови контакти и да се запознаат со искуства од земјите-учеснички, како и за млади луѓе од тие земји, вклучувајќи и млади луѓе со помалку можности. Ќе имаат придобивка од квалитетните можности за ЕВС преку кои ќе можат да ги развијат своите капацитети.

Идејата на проектот е да се подигне квалитетот на ЕВС (Европска волонтерска служба) во земјите-учеснички, бидејќи оваа година, програмата за ЕВС одбележува 20-годишен јубилеј, и овој проект

доаѓа во најдобро можно време за земјите кои учествуваат во него, затоа што стануваат дел од семејството на ЕВС, а Волонтерски Центар Скопје, како една од најголемите организации за испраќање и примање на волонтери во Југоисточна Европа, со преку 500 испратени и примени волонтери, ја има честа да биде домаќин на овој проект.

slika-2

Конкретните цели на проектот се:

-Да се подобрат познавањата на учесниците за програмата ,,Еразмус +”, со посебен фокус на ЕВС (Европска волонтерска служба);

-Да се зголеми знаењето на учесниците за процесот на акредитирање, како прв чекор кој треба да се преземе за да се стане организација-испраќач, домаќин или координатор за ЕВС, да се развијат капацитетите на организациите за изготвување на квалитетни акредитации за ЕВС и успешно минување низ процесот на акредитација;

-Да се зголеми знаењето на учесниците за проектниот циклус на ЕВС и да се подобрат нивните способности за вмрежување со други организации, изготвување на апликација за ЕВС и нејзино поднесување до Националната агенција, поседувајќи капацитет за раководење со проектот од ЕВС и изготвување на завршен извештај;

-Да се подобрат капацитетите на организациите за пружање на поддршка на волонтерите од ЕВС во нивниот процес на учење и интегрирање во новата средина;

-Да се подобрат спсобностите на учесниците (тимска работа, лидерство, комуникација, креативност) преку учество во различни активности базирани на неформално учење во интеркултурна средина кои ќе можат да ги применат во процесот на спроведување на проектите од ЕВС;

-Да се поддржи создавањето на нови партнерства и мрежи со цел изготвување и реализирање на квалитетни проекти за ЕВС со кои на младите луѓе, вклучувајќи ги и младите луѓе со помалку можности, ќе им се пружаат можности да направат некаква разлика.

20161007_100749

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s