Интервју

Чекор до создавањето на македонсата киноматографија: Интервју со Теона Стругар Митевска

 

teona5

  1. Се вели дека во Европа е многу полесно да се копродуцира филм отколку да се продуцира. Какво Вашето мислење во врска со ова? Кои се предностите или недостатоците на ваквото продуцирање?

Европскиот систем на финансирање филмови се реализира преку копродукции. Во суштина, не е можно целосно да се финансира авторски филм во земјата на потекло. Единствените земји кои сè уште го прават ова се Франција и Германија, и тоа се должи на големината на нивните продукции. Колку што знам,таму секој филм се финансира во комбинација од телевизиски, национални и регионални фондови. За останатите авторски филмаџии меѓу нас, процесот е многу поразличен. Ние во голема мера зависиме од националните фондови, ЦПУ на земјите од ЕУ. ЦПУне финансира филмови целосно, така што единствената опција што останува е копродуцирањето.

Што мислам јас за тоа? Верувам дека е одличен систем. Соработката е во сржта на ЕУ, размена на искуства, идеи, начини на раскажување на приказни и начини на работа. Сметам дека етоа прекрасно!

  1. Вие сте меѓу првите во регионот што работеле со некои големи меѓународни имиња како Викторија Абрил (актерка), Алан Маркоан (снимател), Ањес Годар (снимател). По Вашето образование на Школата за уметности Тиш при Универзитетот во Њујорк , мора да сте се навикнале на високи професионални стандарди. Дали мислите дека режисерите во регионот треба да бидат подобро образовани?

Тешко да се даде толку остар коментар. Којa сум јас да кажам дали режисерите од регионот треба да бидат подобро образовани? Мојата амбиција ме одведе до Универзитетот во Њујорк на последипломски студии и се борев до крај да одам таму. Сакав да учам кинематографијаод најдобрите и меѓу најдобрите.

Она што го знам сега е дека постојат многу начини на здобивање со знаење. Не секој има можност да го направи она што го направив јас, но тоа не ги прави другите ништо помалку. Некој може да се здобие со тоа знаење преку книги. Најважната работа е љубопитноста. Човек мора да остане љубопитен и постојано да учи за својата професија и за светот. Денес, благодарение на интернетот, ова е можно за речиси сите, и тоа е прекрасно. Што друго би посакале ако неда создадемепоправедна и демократска срединаза сите, а интернетот е дел од тоа.

teona4

  1. Вие доаѓате од уметничко семејство. Дали тоа Ви помагапри градење на Вашата кариера? Во многу случаи во регионот, ваквата околност му штетела на уметникот, како на пример во случаи каде што семејството функционира во форма на хиерархија.

Моето семејство функционира на многу демократски начин. Секоја одлука и секое уметничко дело на секој од нас се дискутира во форум, во дневната соба во куќата на нашите родители и секој има право слободно да го искаже своето мислење. Тоа е вака за насоткако се сеќавам, откакоимав пет години. Дефинитивно овој начин на однесување еден кон друг,  однесувањето кон сите како еднакви ми помогна да станам личноста и  уметникот што сум денес. Се обидувам да го направам истото со мојот син. Се надевам дека ќе можам да бидам исто толку добра во тоа како и моите родители.

Ја спомена хиерархијата во уметничките семејства… Верувам дека ова е проблем на егото, а особено мачо-егото во нашето поднебје. Татко ми беше и е најголемиот феминист што го знам. Сè што направи е да ми го пренесе мене, а и на сестра ми и брат ми, своето знаење и страст, исто како и нашата мајка.

teona3

  1. Мултикултурализмот беше дел од многу аспекти во Вашиот живот. Кои врати Ви ги отвори, а кои ги затвори?

Па, јас сум производ на мултикултурализмот на многу начини. Мајка ми е Црногорка, татко ми е Македонец; мајка ми доаѓа од семејство на комунисти, татко ми од буржуаско семејство. Јас пораснав во Македонија, но поголем дел од животот бев во САД, а потоа Франција и сега Белгија. Научив многу работи низ годините. Воглавно се чувствувам понизно за тоа која сум, но, исто така го носев тешкиот товар на тоа дека сум далеку, дека сум странец каде и да сум. Чудно, но овој товар полека исчезнува во последно време, а тоа е резултат од еден едноставен факт: среќата доаѓа одвнатре, а не од каде тоа каде сте.

Мојот син е македонско црногорски Француз и Шпанец. Тој е вистински производ на мултикултурализмот во светот денес и тоа е воодушевувачки. Тој е вистинска слика на мултикултурализмот на денешницата.

  1. Живеењето со години на Запад (САД, Франција), сигурно го промени Вашето гледиште на многу работи или културни аспекти. Како тоа влијае на начинот на кој се чувствувате или го создавате своето кинематографско дело?

Се обидувам да работам со вистинската личности уверена сум дека постои вистинска личност за секој проект – вистински снимател, вистински актер, итн. Научив дека не постојат граници при креирањето, луѓето се или посветени на приказната која сакаш да ја кажеш или не,или се идентификуваат со неа или не. Работи со луѓе кои сакаат да работат со тебе, без разлика од каде доаѓаат.

teona

  1. Во кој момент од Вашиот живот и зошто одлучивте да се фокусирате на филмски сценарија и продукција на Балканот, и што всушностВе поттикна да се вратите во Вашата земја на потекло?

Дури и денес тешко ми е да смислам приказна која се случува на друго место освен Македонија. Знам дека ова е чудно, бидејќи повеќе време живеев надвор отколку во Македонија. Единственото нешто што можам да кажам е дека претпоставувам таа опсесија доаѓа од фактот дека сè уште има македонски приказни во мене кои треба да се раскажат и тоа ќе продолжи сè додека не се исцрпи сè.

  1. Кои се главните разлики во врска со филмската продукција меѓу Македонија и Франција или во САД?

Содржината на приказните e различнa, начинот на кој приказната е специфична за средината, за местото на потекло. Формата може да е различни, но сите овие разлики потекнуваат од индивидуалниот фактор  на креаторот, уметникот, неговото/нејзиното културно потекло и животен багаж. Во глобализираниот свет во кој живееме денес не можеме да зборуваме за разликата во начинот на кој се прави нешто или се продуцира филм. Всушност, не постои толку голема разлика.

Снимав дел од филм во Германија, и таму се зачудија што понекогаш ни требаше цел ден за да снимиме една сцена. Поголемиот дел одфилмската екипа таму имашеискуство во телевизија каде сцената може да се реализира од сите можни агли.Филмот е нешто сосем различно. Јас лично верувам дека има еден добар агол да се раскаже приказната и сакам да ја раскажам онака како што сум замислила, па секогаш се трудам да гопронајдамтој агол. Познавам многу американски, германски и француски режисери кои исто веруваат во ова.

teona6

  1. Позната сте по користењето на силни филмски теми. На пример, во “Јас сум од Титов Велес” претставувате ликови кои живеат страсно и имаат тешки животи. Преку нив упатувате критика на една суровата општествена реалност. Кој дел од себе си го искористивте за да ги создадететие ликови? Дали се тие дел од вас или опишуватеситуацииод гледна точка на наблудувач?

Мора да си ликот за да говориш во негово име. Имам бујна имагинација, па јас ја користам во изобилство. Исто така, си давам време да набљудувам и истражувам ситуации и ликови што ги прикажувам во моите филмови. Се обидувам да ги направам ликовитешто подетални и поспецифични, или поинаку кажанонајреални што можам. А иставањето на самиот лик во специфична ситуација го дополнува севкупниот ефект, и секој лик реагира поинаку, атоа е убавината на сето ова.

Јас секогаш сум била заинтересирана за општествениот аспект на мојата работа. Ова доаѓа од моето длабоко уверување дека дел од нашата работа како режисери и уметници е да фрлиме светлина врз некои вистини, неправди и да се обидеме да направимепромена, да поттикнеме промена на заеднички свест, и на крајот на краиштата да го направиме светот подобар.

Интересно е тоа што спомена за надворешна/внатрешна гледна точка на еднаситуација. Ова е клучно при визуелизирање на една сцена и филм. Ефектот врз гледачот е различен, во зависност од гледнататочка штосе користи и тоа е нешто што прецизно го испитувам за секој момент од филмот. Гледната точка е исто толку важна како и бојата или осветлувањето кои се користат за одредена сцена. Таа е еден од многуте аспекти на филмската форма со кој си играм.

teona2

  1. Што мислите за развојот на Вашето продуцирање? Кои се Вашите идни проекти во европската и балканската кинематографија? Дали Вашите последни продукции и делаВи помогнаа да се развиете, да се спознаете себе си подобро?

Како продуцентска компанија од неодамна почнавме со копродицирање. Имавме романски филм Сиераневада (Sieranevada) во последното издание на Филмскиот фестивал во Кан и словенечки филм на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари. Ќе продолжиме да копродицираме филмови за кои се залагаме. Исто така,реализираме краток анимиран филм на нашиот брат Вук. Анимацијата е нешто во што би сакале да се вклучиме повеќе. Се надеваме еден ден ќе направиме долгометражен анимиран филм.  Во анимацијата сè е можно; нема крај на имагинацијата.

Секое продицирање е ново искуство. Човек учи, но може и да погреши. Станавме ли помудри? Не знам, но она што можам да кажам е дека се одлучивмеза видот на филмови што сакаме да ги продуцираме. Се надевам дека ќе продолжиме да ја имаме оваа можност да правиме филмови во кои  веруваме и да ја истражуваме филмската форма.

 

Превод на македонски: Ајрина Ман

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s