Култура

Вино-Скоп

57ea5f744c12cc233cb8b09b_vinoskop2016

Во 2007 година, граѓаните на град Скопје, за прв пат имаа можност да го проследат Меѓународниот вински фестивал „ Вино-Скоп “. Настанот се одржа на кејот „13 Ноември”, а на манифестацијата се претставија 20 македонски винарии. Во текот на фестивалот, пак, се одржа професионална дегустација, на која вината од македонските винарии беше оценувана од страна на тројца странски и двајца домашни судии.

18

img_5458

Гости на фестивалот беа професионалниот дегустатор Кевин Мур, од магазинот за вино ” Harpers Wine and Spirit “, од Велика Британија, и судијата за вино од Италија, Енрика Тицијати, експерт за италијански вина. Победниците на фестивалот беа винариите: Винар, Сковин, Шато Камник, Пивка и Попова кула. Фестивалот исто така, беше проследен и со богата културно-уметничка програма во која покрај македонски хорови, етно бендови и дувачки оркестри, настапија и музички гости од Италија и Војводина. Средствата кои беа собрани од аукцијата на вина, која Град Скопје ја организираше во рамките на овој фестивал за промоција на македонски вина, беа донирани во хуманитарни цели за помош на Детска болница „Козле”.

photo_verybig_22617

Од 2008 до 2015 фестивалот се одржуваше на друга локација, плоштадот Филип II.

Оваа година, фестивалот прослави 10 години од постоењето и траепше од 28 септември до 2 октомври 2016. Во сеќавање на неговото прво издание, фестивалот годинава се одржа на истото место како и првото издание, кејот „13 ноември“.

vino-skop-420x240

Низ годините фестивалот станувал сè поголем и поголем и сега е добро познат годнишен настан со голема понуда на различни вина од повеќе од 30 локални винарии. Многу луѓе доаѓаат да дегустираат вино, да јадат локална храна, да уживаат во концертите и секако, да се забавуваат. Атмосферата е навистина весела и многу е пријатно да се присуствува на овој настан.

img_5459

img_5462

Пред неколку години, градот Скопје одлучи да организира и друг настан за винариите, „Пролетен Вино-Cкоп“ околу април/мај кај Веро центар.

vinoskopsss

Годинава, концерти за време на фестивалот одржаа Амадеус бенд, Куку Леле, Ефто Пупиновски и други. Завршниот концерт беше на Владо Јаневски.

57e1cd7d0e75db1d205149d8_vino_skop2

By Cyrielle
Translate by Ana-Marija Karadjovska

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s