Благодарение на нашите партнери Ритам Здравља од Србија, а во соработка со Инжињери заштите животне средине Волонтерскиот Центар Скопје учествува на третата фаза од проектот „Семињата на одржлив развој“ што претставува 10 активни дена на Job shadowing во Нови Сад, Србија, во периодот помеѓу 15-25-ти Октомври 2016 година. Во работна атмосфера, 6 држави со по 1 учесник Горан Галабов е претставникот за нашиот Волонтерски Центар Скопје.
„Job shadowing или набљудување на работата е уникатна и одлична можност за учесници од различни земји и организации да стекнат знаење и добијат претстава во работата и еко акциите и кампањи кои нашите успешни партнери од Србија ги имплементираат во нивната работа во креирањето услови за поздрава животна средина како и за подигање на свеста на локалното население за зачувување на природата и културното наследство. Ова патување започна со запознавање на градот Нови Сад и локалната проблематика.
Со посетата на локалните историски и природни локалитети како Петроваарадинската тврдина и блискиот Национален парк Фрушка гора имавме можност да ги дознаеме и видиме резултатите од акционите планови што нашата организација домаќин ги има остварено. Исто така остваривме контакти и помали општини како Ириг и Јарак како резултат на соработката и подршката што нашите домаќини ја пружаат како помош во нивните напори. Посетата на локалните винарии и помали претприемништва беше исто на програмата од нашата посета.
Исто така веќе неколку дена сме дел од локалниот саем Новосадска есен (што се одржува двапати годишно) каде наѓите домаќини имаат акција за замена на стара хартија донесена од граѓаните и институции за дрвца за расад и цвеќиња. Оваа кампања има за цел да ја подигне свеста на граѓаните за намалување на отпадот, повторна употреба на старата хартија и рециклирање со минимално влијание на околината. Самото присуство и ангажирањето на учесниците во job shadowing во оваа кампања веднаш се рашири низ локалните медиуми давајќи на кампањата и на работата на нашите домаќини дополнителна тежина и поддршка од локалните власти и граѓаните.
Во програмата исто така вклучена е и студиска посета на Белград и некои институции и организации инволвирани во работата на нашите домаќини како и посета на сосема ново отворен центар за млади и засадување дрвца во склоп со кампањата.
Job shadowing е начин и можност да се стекне искуство и да се споделат најдобрите практики и можни решенија за различна проблематика и да се применат и донесат назад во земјите учеснички.
Leave a Reply