Животен стил

Дали постојано им удоволуваш на сите?

unnamed

 

Човекот што постојано им удоволува на сите е еден од најфините луѓе што ги знаете и  секогаш е тука да подаде рака. Никогаш не кажува „не“. Можете да сметате на него за било која услуга. Всушност, овој човек поминува многу долго време вршејќи работи за други луѓе. Ги завршува нивните обврски, им помага нa другите при нивните обврски, ги прави сите планови и е секогаш тука за неговата фамилија и пријатели. Сето ова звучи како добро нешто, но тоа е така само навидум, бидејќи може да биде екстремно нездрав начин на однесување.

Ако се пронајдовте во овој опис, сигурно се прашувате зошто постојано им удоволувате на сите? Најчесто, интензивната потреба да им се удоволи на другите потекнува од оргомен страв од одбивање или од страв од нeуспех. Стравот од одбивање е потсвесното чувство дека „ако не направам се што можам за оваа личност да биде среќна, можно е таа да ме напушти или да прекине да се грижи за мене“. Стравот од одбивање може да потекнува од претходни врски со другите луѓе при кои љубовта се добивала само ако одредени услови биле исполнети или при кои индивидуата била одбиена или напуштена од страна на некоја за неа важна личност (родител кој го напуштил семејството, бил емоционално недостапен или нередовно емоционално достапен).

 

relaxing-to-music-1251383502-article-0

 

Стравот од неуспех е потсвесното чувство дека „ако направам грешка, ќе ги разочарам сите или ќе бидам казнет“. Стравот од неуспех може да потекнува од искуства од детството при кои што личноста претрпувала строги казни дури и за најмалите грешки. Децата кои имаат родители кои многу критикуваат можат да се развијат во луѓе што константно им удоволуваат на сите. Рани искуства со сурови коментари или казни можат да водат до значајно ниво на анксиозност при извршување на некоја задача. Иако тој родител, или таа важна личност во нивниот живот која ги подвргнувала на остри критики не е е повеќе присутна во нивниот живот, анксиозноста е емоција која може да живее многу долго време откако стим

улот го снемало. За да се справиме со таа анксиозност, правиме се што можеме за да ги направиме нештата извонредно добро, совршено да ја завршиме работата и да се погрижиме дека сите се среќни.

Без разлика на потеклото, постојаното ставање на потребите на другите луѓе на пиедестал пред своите може да развие 5 многу лоши последици:

woman-relaxing-in-hammock-wallpapers4

  • Не водење грижа за себе си

Луѓето кои постојано им удоволуваат на другите посветуваат многу малку време на себе си и своето здравје. Нивните подвизи за другите луѓе им го заземаат времето кое би можеле да го посветат на активност, релаксација, планирање на здрави оброци итн. Како резултата на ова, посклони се кон здравстевни проблеми. Грижата за другите луѓе не е нешто што е лошо и ако поголем дел од човештвото го практикуваше тоа, светот би бил поубаво место за живеење. Но, тоа не може да се прави на сметка на себе си. Потребна е рамнотежа. Земете го во предвид фактот дека ако водите грижа за себе си – тогаш ќе бидете подобро „опремени“ да водите грижа за другите, ќе бидете поенергични и повитални. Замислете дека возите автобус на Црвен Крст кој дели храна и вода на жртви од ураган. Ако толку многу брзате да дојдете до сите жртви што не застанувате повремено да го наполните резервоарот со гориво, тогаш по некој период ќе се најдете себе си застанати покрај патот со возило без бензин – а тоа не би му помогнало никому. Гледајте на времето кое го посветувате за физичка активност, релаксација и здрава исхрана како ваши бензински станици.

  • Пасивна агресивност и лутина

Со текот на времето, удоволувачите на луѓе им стануваат „нечујно“ лути на личностите околу нив. Нивната желба за љубезност го потиснува нивниот гнев, но гневот кој не се искажува често прераснува во пасивна агресија – давање на остри критики, забелешки, саркастични шеги, безволно пружање помош и други суптилни дејствија преку кои ја вадиме нашата лутина од нас. Некомуницирањето и таложењето на лутината е најголемиот уништувач на врските. Единствен начин да се одбегне ова е да се води отворен разговор за нашите чувства. Сепак, за ова е потребно да се превземе ризикот дека другата личност можеби нема да биде толку среќна кога ќе слушне дека не сте задоволни или ќе нема да сака да ја превземе одговорноста за она што ве потиштило. Крајниот исход и не е толку важен, колку што е важно да застанете позади себе си и да проговорите за она што ве мачи. Тоа ќе им покаже на луѓето, дека вие ќе им дадете до знаење кога тие ќе ве налутат со што тие ќе ги осознаат вашите граници и како вие сакате да бидете третирани од нивна страна.

  • Ја намалува способноста да се ужива со другите луѓе и во различните активности

Ако се трудите да им удоволите на сите, тогаш што и да правите ќе бидете под стрес, ќе размислувате постојано за сите работи што ве чекаат Вас за да бидат завршени и ќе нема да можете да му се препуштите на моментот. Вашето ниво на вклученост во некој настан или некоја личност не може да се прикрие. Каква порака им праќаме на нашите блиски ако сме со нив само физички присутни, но не и мисловно? Да се биде немо присутен, но не и вклучен во моментот не е подобро од тоа да не се биде присутен воопшто, а за да можеме да бидеме ангажирани во некое случување и тоа да ни пружа задоволство, треба да бидеме одморени и да не се грижиме за купот обврски кои самите сме си ги ставиле на свои плеќи.

  • Стрес и депресија

Стресот по дефиниција е имање повеќе обврски отколку што можеме да завршиме. Удоволувањето на други луѓе може да прерасне во мачен круг на хроничен стрес и нездраво однесување. Ако константо имате чувство дека сте премногу зафатени правејќи се за секого, освен за себе си, можеби сте заглавени во овој круг. Ако прекинување на целиот циклусот е преголем чекор за вас, тогаш идентификувајте една мала одговорност што ќе можете да ја отстраните од вашиот живот за да си одвоите време за себе си.

  • Луѓето ве користат

Со тоа што секогаш кажувате „да“ на молби за услуги, луѓето можат да почнат да ја користат вашата добрина и да бараат од Вас многу повеќе отколку што е разумно. Дури и полошо, можете да станете мета на луѓе кои сакаат да ги експлоатираат другите, бидејќи тој тип на луѓе веднаш приметуваат дека не знаете да одбивате и ќе Ве исцрпат колку што е можно повеќе. Дури и луѓе кои генерално не се искористувачи, можат да почнат да уживаат во придобивките бидејќи нема да можат да разберат дека ставате премногу на вашата тацна и дека имате тешкотија да разберете до каде одат вашите граници, бидејќи Вие, впрочем си немате поставено никакви граници. Со време, барањата и молбите на луѓето ќе станат преголеми. Ние ги учиме луѓето како да се однесуваат со нас преку нашето прифаќање или отфрлање на нивните постапки. Ако некој Ве искористи еднаш, тоа е нивна вина, но ако тоа продолжи, тогаш вината е ваша, бидејќи не сте ги научиле поинаку да се однесуваат со Вас. Под „учење како да се однесуваат со Вас“ се подразбира поставување јасни граници за тоа што Вие можете или сакате и што не можете да направите и што вие прифаќате, а што не прифаќате. Штом еднаш ќе ги поставите овие темели, ќе треба да се придржувате до нив. Другиот предизвик кој произлегува од превземањето на овој чекор е фактот дека личностите околу вас веќе се навикнале на вашата послушност, што кога ќе почнете да ги одбивате, можно е тие да станат лути. Од екстремна важност е да ги игнорирате чувствата на вина. Вие заслужувате да се грижите за себе си, тоа не е никаков грев. Само потсете се на возилото на Црвениот Крст.

 

Текстот се базира на статија од Psychology Today

Лиле Јовановска

 

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s