Интервју

Tattoo сцената во Македонија Интервју со “BobiTattoo InkS”

374978_3083653786266_1775563559_n

Едно жешко октомвриско попладне седнавме со Боби Tattoo да ја разоткриеме tattoo сцената во Македонија, а тој е еден од основоположниците. Ова студио мене ми ги врати сеќавањата кога пред седум години ја добив мојата прва тетоважа. Но, тоа е една друга приказна.

ПОЧЕТОЦИТЕ

Боби Tattoo ми раскажа за неговите почетоци, од далечните 90ти, кога за првпат почнал да се занимава со оваа професија, најпрво аматерски, за набрзо да отвори и свое студио во Скопје. Како што вели, почетоците, како и борбата за прифаќање на тетовирањето како дел од културата, начин на живеење и секојдневие биле тешки, но, тој е убеден дека со упорноста го постигнал тоа. Ако на почетокот најголема заинтересираност имало од машката популација, странците и младите, сега границите се урнати. Неговиот најстар клиент имал околу 70 години, а девојките се подеднакво отворени како и машките. Почетоците биле тешки поради затвореноста на македонското општество и стереотипите, но сега луѓето со задоволство доаѓаат кај tattoo артистите, па дури и од странство, и според неговото искуство, не се покајале за одлуката. За сцената денес, ја држат десетина професионални tattoo артисти кои си ја знаат својата работа, па затоа и оваа професија е ценета.

249083_3098218230368_319127168_n

TATTOO СЛУЧУВАЊА

Како што вели, во Македонија недостасува поголема организираност. Се организираат Tattoo фестови, но немаат богата програма и голем замав. Досега имале соработка со „Ноќните волци“, а учествувале и tattoo артисти од балканските и европските држави. Тој лично се залагал да внесе нова димензија на овие настани, како на пример обидот да го поврзе тетовирањето со еротиката. Исто така, негов проект еTattoo Live Caffe, кој го работел во три наврати во соработка со поранешниот кафе бар Ница. Тоа било креативна идеја, за првпат на нашето тло, а најверојатно и пошироко, каде можете да бидете случаен сведок на чинот на тетовирање. Тетовирањето во живо предизвикало многу позитивни реакции од присутните, кои поставувале многу прашања. Интересно е да се спомне дека млад вљубен пар, сведок на тој редок момент на инспирација решил да стави печат на тоа време со крунисување на нивната љубов со заедничка тетоважа. Сепак, и покрај тоа, поголеми обиди за организирање немало, но ни откри дека се прават напори да се основа здружение од сите професионални tattoo артисти во Македонија.

154642_1222489218315_6617022_n

МАКЕДОНСКАТА VERSUS СТРАНСКАТА СЦЕНА

Боби Tattoo вели дека нема голема разлика бидејќи Македонија има многу верни tattoo артисти кои се барани да работат и во странство. Тоа што ја разликува сцената е поголемата софистицираност на странската во поглед на техники и средства, како и полиберални општества, а недостасуваат и семинари и обуки, каде ќе се посвети внимание на едукација. Тој има замисла за настани каде tattoo артистите и публиката ќе ги споделуваат своите доживувања и каде луѓето ќе го видат вистинскиот дух на тетоважата. Меѓутоа, тие често посетуваат странски фестивали, студија и имаат пријатели со кои ги споделуваат искуствата и го применуваат тоа што ќе го забележат како интересно. Сепак, вели, разликите се најмногу во традицијата бидејќи секое студио си има своја приказна.

994923_3614687261771_1955218678_n

НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

На Боби Tattoo му е особено драго што постојат млади и надежни наследници и со тоа ги поддржува. Но, исто така има апел до нив да сфатат дека оваа професија носи голема одговорност. Поради тоа им препорачува да се обучат кај професионален артист. Тој лично има обучувано млади кои сега самосотојно работат. Вели, на тој начин придонесува да се развие оваа професија и култура. Тој исто така ги советува да бидат свои, оригинални и креативни и дека успехот доаѓа со целосна посветеност, а не од добивката. Само така можат да го заслужат своето уметничко име и да се изборат за место на tattoo сцената, а со тоа и почитта која произлегува.

1555349_3913754538266_1533850333_n

ФИЛОЗОФИЈА НА ТЕТОВИРАЊЕТО

За крај, не можев, а да не го прашам како тој лично го доживува тетовирањето. На почетокот, вели, го навлекла магијата на цртање на кожа. Се прашувал како се чувствува личноста чие тело се тетовира. Така и го доживувал, како креативен чин на исцртување. Но, со искуството сфатил дека има нешто подлабоко од креацијата, а тоа е чувството на среќа кое го предизвикува. Луѓето му ги доверуваат своите животни приказни и случувања тој да ги претстави на нивните тела. Затоа според него тетовирањето е најискрениот чин бидејќи луѓето го отвораат својот карактер и приказна кон светот, а тетоважата може да ја види секој. Негово најголемо задоволство е да им го види изразот на лицето кога ќе биде готова тетоважата. Со тоа ги прави среќни, а нему му отвора поголема креативност за следното дело. Тој вели дека луѓето мора да ги тргнат бариерите кои ги спречуваат слободно да се изразуваат и да комуницираат меѓу себе. А едно е сигурно, тетоважите ги рушат бариерите и светот станува подобро место за живеење.

Ана Илиевска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s