Ерасмус+

Проект “Recollecting the future” во Сараево

1

д 22.10-28.10 2016 година, Весна Цветаноска, Горан Андов и Мерлина Имероска, како претставници на Волонтерски Центар од Скопје учествуваа на вториот дел од проектот “Recollecting the future”, во Сараево.

Станува збор за меѓународна активност организирана од страна на Германската организација “Memos”, институтот за развој на младите, “КУЛТ” од Сараево, “Mladiinfo” од Црна Гора, “Diaconie” од Косово, и Хрватскиот филмски сојуз.

Целта на овој проект кој се одвиваше во рамките на Еразмус плус програмата, на Европската Унија е да се согледаат позитивните практики на Југословенската федерација во однос на младинските политики и на квалитетниот развој на младиот човек, и да се изнајдат начини за нивно аплицирање во современите општества.

5

Во таа насока, во изминатите шест месеци претставниците на сите земји учеснички беа задолжени да подготват по три видео записи со лица кои се родиле, растеле, и го граделе својот живот во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, со посебен акцент кон култот на Тито, работните акции, денот на младоста, а имаа и задача да изработат анкетни прашалници со средношколци.

Понатаму, тие видео материјали беа прегледани во текот на првите два дена на работилницата во Сараево, а потоа беа креирани две посебни десет минутни видеа, од кои во првото соговорниците зборуиваа за работните акции, а во второто за нивниот живот, за младоста и за нивниот став кон тогашното општествено уредување.

6

Исто така, учесниците ги посетија и Радио Телевизија Босна и Херцеговина, Врело на Босна, Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, музејот на Народноослободителната војна, како и спортските сали “Скендерија” и “Зетра”. Проектот се презентираше и пред учениците, во гимназијата “Обала”. Самите ученици имаа можност да ги погледнат двете десетминутни видеа, да одговараат на анкетни прашалници и да дискутираат на темата.

2

Дел од работилницата во Сараево, беше и посетата на Инфо Центарот на Европската Унија, каде што исто така беа презентирани видео материјалите и се разговараше на сите теми релевантни за самиот проект.

Учесничките Весна Цветаноска од Македонија и Кристина Дориќ од Хрватска гостуваа на програмата на Радио Босна и Херцеговина, а изјава за проектот за Радио Слободна Европа даде и Горан Андов.

3

На крајот на работилницата, се донесоа заклучоци дека СФРЈ нуди многу позитивни практики кога станува збор за младинските и останатите општествени политики, волонтерство, градење другарство, доверба и слобода. Меѓу другото, беше потенцирано дека може многу да се искористи и од практиките за бесплатно образование, бесплатно здравство итн.

Организаторите изразија задоволство од резултатите и од динамиката на развој на самиот проект, и најавија и повеќе други активности.

http://www.slobodnaevropa.org/a/mladi-o-bivsoj-sfrj/28078695.html

4

Весна Цветановска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s